Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информира дека спроведува опсежна истражна постапка за неодамнешните случувања при полициската акција во Куманово. Додаваат дека во моментот се очекуваат вештачењата на доказниот материјал и потсетуваат дека бројот на лица изведени пред судија на претходна постапка е триесет. По предлог на надлежен Јавен обвинител изречена им е мерка - Притвор во траење од 30 дена. Повеќе детали за овој предмет од Јавното обвинителство не споделуваат, поради како што велат, чувствителноста и обемноста на настанот за кој се спроведува истрагата.
Доколку тоа не е званичен државен чин, тоа значи дека во она што не опкружува имаме националисти радикални во регионот кои се уште сонуваат за големи држави, значи тоа се поединци и тоа мора да го гледаме како изолиран чин.Владимир Пивоваров, универзитетски професор и поранешен разузнавач.
Во меѓувреме, деветте косовски Албанци кои беа убиени во Куманово, вчера во Приштина беа погребани со најголеми воени почести и испратени како народни херои и борци за албанските права. Од Министерството за надворешни работи велат дека сознанијата од Косово говорат дека погребите не биле водени од државните институции на Косово, туку од здружение на ветерани. И косовската, но и македонската јавност со поделени мислења околу ваквиот третман на убиените. Според професорот Владимир Пивоваров тоа што лицата кои од тука се квалификувани како терористи, таму се пречекуваат како херои значи дека се уште постојат радикални националисти во регионот кој сонуваат за големи држави и прекројување на границите.
„Доколку тоа не е официјален државен чин, тоа значи дека во она што не опкружува имаме националисти радикални во регионот кои се уште сонуваат за големи држави, значи тоа се поединци и тоа мора да го гледаме како изолиран чин“, вели Пивоваров.
Професор Алајдин Демири пак вели дека епитетот херои, не се однесува на настанот во Куманово, туку на учеството на тие лица во војните за ослободување на Косово и Прешево.
Тие се херои на Косово со оглед на сите војни во кои учествувале. Треба точно да се знае дека тие биле учесници во војната во Косово, ослободувањето на Косово, учествувале во војната во Прешево, а голем дел од нив биле главни носители и учесници, тоа што ги викаат команданти во војната во 2001 година.Алајдин Демири, универзитетски професор.
„Тие се херои на Косово со оглед на сите војни во кои учествувале. Треба точно да се знае дека тие биле учесници во војната во Косово, ослободувањето на Косово, учествувале во војната во Прешево, а голем дел од нив биле главни носители и учесници, тоа што ги викаат команданти во војната во 2001 година.“
Демири не го оспорува криминалното минато на убиените косовски Албанци и токму тоа според него е доволен знак дека истите биле подложни на манипулација. Тој уверува дека евентуален меѓуетнички конфликт најмногу би им штетел на Косово, на Албанија и на Албанците во Македонија.
Коментар околу целата работа засега нема од поголемите албански партии. Својот став го пренесе само движењето БЕСА. Оттаму велат дека сите учесници во војните според косовските закони се погребуваат на тој начин, па според тоа не се работи за никаква провокација од Косово. Сметаме дека на Косово не и е во интерес дестабилизација на Македонија, туку добри соседски односи и институционална соработка на високо ниво. Од оваа движење инсистираат надлежните институции да излезат со информации околу целиот настан во Куманово, зошто според нивни сознанија вооржената група немала намера да изврши терористички чин, туку биле изманипулирани од некои политички субјекти.
Приштинските медиуми пишуваат дека групата планирала напад на добро обезбедениот затвор Грдовац во Подуево за да ослободат двајца затвореници, за кои што се смета дека биле најопасните лица во Косово, а некои пак коментираат дека е црна иднината на земјата која вакви лица ги нарекува херои и ги погребува со највисоки воени почести.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5