Достапни линкови

Скопје и Приштина незаинтересирани за вистината за Куманово?


Постојат елементи за транспарентен судски процес во врска со настаните во Куманово, но се чини како никој да не е заинтересиран да се дознае вистината. Владите и на Косово и во Македонија, повеќе дискутираат за случувањата во Куманово на ниво на шпекулации отколку да инсистираат на расчистување на фактите, оценува косовскиот аналитичар Дукаѓин Горани.

Косовски официјални претставници соопштија во понеделникот дека македонските власти не соработувале доволно со официјална Приштина по судирот во Куманово, во кој беа убиени 9 државјани на Косово, а 21 се уапсени. Официјална Приштина сеуште не ги известила ни семејствата на убиените, бидејќи не добиле потврда од македонските власти.

Горани смета дека треба да се расчистат сите факти кои доведоа до инцидентот во Куманово.

„Во целата трагедија во Куманово, извесен број луѓе се уапсени, тие се сведоци, што е предуслов за транспарентен судски процес. Така би се дознале сите детали кои ја предизвикаа трагедијата.

Но, забележувам како никој да не е заинтересиран да се дознае вистината. Се чини дека вистината веројатно е мрачна и непријатна и за двете земји.

Така што, двете влади и еден дел од јавноста во двете земји, повеќе сакаат да дискутираат на ниво на шпекулации, отколку за целосно расветлување на случајот“.

Според аналитичарот Дукаѓин Горани, судирот во Куманово доведе до заладување на односите меѓу владите на Косово и на Македонија, што не е случај и со општествата на двете земји.

Од друга страна, Фисник Кореница од Групата за правни и политички студии, оценува дека косовската влада се однесувала неутрално спрема акцијата на македонската полиција во Куманово, а исто така, не и дала поддршка ни на македонската опозиција, која сега ја има поддршката од многу западни држави. Тоа е парадоксално, вели Кореница, што владата на Косово не реагира ни на третманот на уапсените косовски државјани во Македонија.

XS
SM
MD
LG