По зборовите те познавам

Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Во овој ужас од вокабулари, посебно на социјалните мрежи каде што луѓето можеби се најискрени, можам да забележам одредена „предност“ во садизмот и заканите од страна на членовите на ДПМНЕ во споредба со опозицијата, пишува политикологот Соња Стојадиновиќ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Минатата недела слушнавме два говора, едниот повикуваше на оставка и преземање на одговорност, а другиот содржеше напади, обвинувања и закани кон тие кои бараат одговорност. Целта не ми е да ги анализирам тие два говора туку вокабуларот на таборите кои стојат зад нив.

Она што беше можно да се прочита на социјалните мрежи и порталите кои ја поддржуваат опозицијата, не секогаш СДСМ, но борбата која се води, беа обвинувања кон членовите и симпатизерите на ДПМНЕ за примитивизам, простачко однесување, криминал, тешки облици на конзервативизам, наметнување на назадни размислувања и масовна омраза кон сè што не потпаѓа под нивната матрица на размислување, мизогинија, хомофобија.

Вокабуларот кој беше користен на протестот на 17 мај, а и на протестите кои му претходеа, содржеа обвинувања за диктатура, клептоманија, окупација, украдени држава, медиуми, демократија. Она што беше можно да се прочита на социјалните мрежи и порталите кои ја поддржуваат опозицијата, не секогаш СДСМ, но борбата која се води, беа обвинувања кон членовите и симпатизерите на ДПМНЕ за примитивизам, простачко однесување, криминал, тешки облици на конзервативизам, наметнување на назадни размислувања и масовна омраза кон сè што не потпаѓа под нивната матрица на размислување, мизогинија, хомофобија.

Од другата страна, членовите на ДПМНЕ не остануваа должни па пукаа со својот арсенал, навредувајќи ги сите кои не се со нив, без разлика дали се или не се членови на СДСМ. Неизоставни етикети и навреди беа комуњари, соросоиди, педери, шиптари, закани за иселување од државата па дури и закани по живот.

Во овој ужас од вокабулари, посебно на социјалните мрежи каде што луѓето можеби се најискрени, можам да забележам одредена „предност“ во садизмот и заканите од страна на членовите на ДПМНЕ во споредба со опозицијата. Навредливиот слоган „Смрт за шиптарите“ не го читаме само на социјалните мрежи, туку многу одамна го читаме и по графитите низ земјата. Отворените повици за насилство врз ЛГБТ популацијата и сè што не е демохристијанско и православно се меѓу најактуелните и најчестите вокабуларни куршуми кои летаат низ етерот. Но, тие куршуми погодуваат многу повеќе отколку што мислат оние за кои не се наменети.

Многу е морничаво кога на ѕидот од својата зграда или куќа ќе прочитате таков дивјачки повик за убиство, а вие сте припадник на тоа малцинство кое е мета на ордата жедна за крв. Нормално е после тоа да следува прашањето: дали треба да се иселам таму каде што ова нема да го читам, а и никогаш нема да го доживеам? Токму тоа е целта на дивјачката орда на власт, заедно со нејзините припадници и симпатизери. Да ја исчисти државата од се што е неподобно и некомпатибилно со нејзината тесна, со ограда дефинирана идеологија.

Во овој ужас од вокабулари, посебно на социјалните мрежи каде што луѓето можеби се најискрени, можам да забележам одредена „предност“ во садизмот и заканите од страна на членовите на ДПМНЕ во споредба со опозицијата.

Јасно изразената и досега докажаната омраза на членовите и симпатизерите на ДПМНЕ кон албанската и ЛГБТ популацијата предизвикува не само згаденост туку и потсмев кај останатите делови од општеството кои не се отруени и зафатени со оваа ретардирана идеологија.

Да мразиш некој кој многу малку или скоро воопшто не го познаваш само затоа што е различен од тебе значи дека имаш не само тесноградо туку и тесномозочно размислување. Самата омраза која се базира врз непознавање на предметот на мразење открива уште еден момент: мразачот се плаши од својот објект на омраза. Можеби тој објект е подобар од него, повреден, побогат, поубав, дури и недостижен и сето тоа создава фрустрација кај мразачот. Па тој, наместо да се сврти кон себеси и да почне да работи на свое општо подобрување, полесно му е да почне да мрази и целото свое незадоволство да го искали врз објектот на омраза. И после исфрлањето на својот бес и гнев, мразачот мирно ќе си се повлече во своето трло длабоко убеден дека го направил вистинскиот чекор.

За да научиш да не мразиш и да почитуваш сè што е различно од тебе мора да ги отвориш очите и да го употребиш мозокот. Тоа е напор кој носи многу работи кои треба да се научат, но знаењето исто како и вистината на крајот ослободуваат.