Бугарија ќе биде гарант на македонската независност и територијален интегритет, кризата во Македонија е оркестрирана однадвор и тоа ја загрижува Русија, а за поделба на земјата се разговарало меѓу Албанија и Бугарија, Тирана ќе го поддржи влегувањето на Македонија во НАТО, но најважната работа, е гаранција за спроведување на Охридскиот договор.
Изјавата на Рама, рефлексиите што доаѓаат од Бугарија, има некои и од Србија, демонстранциите во Косово, па на сето тоа кога ќе се додадат и реакциите од Москва укажуваат на тоа дека Македонија практично е нападната од сите страни.Благој Зашов, поранешен дипломат.
Овие три одделни изјави на бугарскиот министер за надворешни работи, неговиот руски колега и на албанскиот премиер стигнаа во последниве неколку дена.
Во Приштина, пак, се протестираше за уапсените и убиените во полициската акција во Куманово, а насобраните бараа враќање на нивните роднини во Косово. Колку повеќе кризата во Македонија се продлабочува, соседите се обидуваат на различни начини да ги испорачаат своите интереси во организациите во кои се тие членови, а ние не, оценува поранешниот амбасадор Благој Зашов.
Домашните институции да се кренат на ниво кое е компактибилно со западноевропските институции, тие вредности да станат наш ориентир во политиката и второ, на надворешен план, под итно прво влез во безбедносната структура - НАТО, а потоа дел од еден малку подолг процес на интегрирање во ЕУ.Денко Малески, поранешен шеф на дипломатијата.
„Изјавата на Рама, рефлексиите што доаѓаат од Бугарија, има некои и од Србија, демонстранциите во Косово, па на сето тоа кога ќе се додадат и реакциите од Москва укажуваат на тоа дека Македонија практично е нападната од сите страни, што за жал дојдовме во една таква ситуација, не само поради некои надворешни чинители и ситуации, туку и поради ситуацијата која си ја создадовме сами внатре во државата и притоа мислам се разбира на оние коишто се на власт во земјава“, вели Зашов.
Слабоста на една држава е покана за интервенција од соседите, смета поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески, според кого за да се избегне ваквата ситуација потребно е итно да се направат неколку работи.
„Домашните институции да се кренат на ниво кое е компактибилно со западноевропските институции, тие вредности да станат наш ориентир во политиката и второ, на надворешен план, под итно прво влез во безбедносната структура - НАТО, а потоа дел од еден малку подолг процес на интегрирање во ЕУ“, вели Малески.
Тој смета и дека ако продолжи ваквата ситуација во земјава можни се сите опции, од внатрешно дезинтегрирање на земјава до можни интервенции од страна преку уфрлување групи и конкуренција на соседите за влијанието врз Македонија.
Но, балканските и руските политичари не се осамени во изјавите за можна дестабилизација. И германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер синоќа по средбата со неговиот албански колега Дитмир Бушати рече дека е загрижен оти „без брзо смирување на состојбата во Македонија“ се заканува дестабилизација на целиот регион.