Груевски и Заев во Стразбур на заедничка маса, а во Скопје граѓаните што бараат оставка на премиерот и оние што се против политиките на опозицијата остануваат да спијат во два различни кампа, едниот пред Влада, другиот пред Собрание.
Има, како нема поделба, ама тие сите таму се платени, им даваат пари и затоа седат таму, а ние сме тука доброволно и сè додека не си оди Груевски, нема да заминеме од тука.анкетиран граѓанин во кампот пред Влада.
Маси луѓе деновиве излегоа на скопските улици а откако по антивладините протести никна камп пред влада, таков по провладиниот собир никна и спроти Собранието. Повеќето од привремените жители на двата кампа денеска на прашањето дали има поделеност меѓу луѓето во Македонија и дали таа е зголемена одговараат дека не е, но со тврдење дека тие се на вистинското место, а другите не.
„После објавувањето на Вистината за Македонија, Македонија не била толку обединета.“
„Има, како нема поделба, ама тие сите таму се платени, им даваат пари и затоа седат таму, а ние сме тука доброволно и сè додека не си оди Груевски, нема да заминеме од тука.“
„Се зголеми поддршката за владата. Тие реално се избрани и за тоа даваме поддршка. Тие јас не ги сметам дека се народот, тие се против народот.“
„Ниедна војна не се завршила со пушки и со пиштоли, треба да се седне на маса, да дојдат, да се вратат во Собранието, да се разговара, да се видат сите проблеми“, велат граѓаните од двата кампа.
Хајд Парк - Кој ги прави поделбите меѓу граѓаните? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Но, на прашањето кој ја поттикнува поделеноста имаат одговор и посочуваат различни причини.
„Груевски, тој ја направи целата работа.“
Сорос, парите, денеска младината, дај му илјадарка, две или пет илјади, секој ќе се придружи.анкетиран граѓанин во кампот пред Собрание.
„Некој го запалил фитилот пред девет години и тој ќе си плати политичка цена, ќе замине од политичката сцена, новата гарнитура ќе направи амбиент, пораките за соживот се тука.“
„Сорос, парите, денеска младината, дај му илјадарка, две или пет илјади, секој ќе се придружи.“
„Јас мислам дека е од страна, странски фактор е тоа, не е од тука“, велат граѓаните од спротивставените кампови.
Според Александар Цветкоски од Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка, поделеноста меѓу граѓаните е на доста сериозно ниво.
„Мошне е опасно, затоа што секој може да ја инструментализира таа енергија. Една искра фали и да влеземе во граѓанска војна, тоа е најлошото нешто, тука нема фронт, тука се ликвидации, тоа е најстрашното нешто што една земја може да го замисли “, вели Цветкоски.
Тој сугерира дека за да се надмине ваквата ситуација потребно е во идната влада да нема претставници на ниту една политичка партија, туку во неа да бидат професионалци и експерти, кои, како што додава, ќе ги застанеле сите институции на нозе.