Протести и собири во Македонија

Аналитичарот Владимир Божиновски инсистира дека на собирите за поддршка на македонската полиција не треба да се гледа како на некакви контра собирања.

Собир и протест вечерва во Скопје и низ други градови во Македонија. Едниот именуван како собир за поддршка на македонската полиција се организира во 23 града низ земјава и на три места во Скопје, а другиот редовно се одржува веќе една седмица и за него иницијална каписла беше барањето одговорност за прикривањето на убиството на Мартин Нешкоски.

Поради сериозноста на целата политичка ситуација во Македонија мислам дека луѓето нема да потпаднат под такви манипулации и да се судрат со други граѓани, токму поради фактот што политичка одговорност треба да сносат политичките елити, а не жртви да бидат граѓаните.
Артан Садику, институт за општествени и хуманистички науки.

Собирот за поддршка на полицијата, според најавите, ќе се одвива на плоштадот Филип II во Гази Баба, на просторот Кај Злате во Кисела Вода и на плоштадот Делфина во Општина Ѓорче Петров. Протестот од кој се бара одговорност од власта, пак, вообичаено започнува пред влада.

Артан Садику од Институтот за општествени и хуманистички науки, кој и самиот е дел од протестите пред влада, вели дека не очекува да дојде до судири меѓу двете групи вечерва.

Зошто одма да бидат протести и контра протести? Ова е најавено за поддршка на полицијата, а не како протест. Зошто да ги сметаме за протести? Тоа е повеќе собир на граѓани што изразуваат поддршка. Ова другото е на некој начин протест, ама и тоа се менуваше, па и тие вчера и завчера им даваа поддршка.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

„Поради сериозноста на целата политичка ситуација во Македонија мислам дека луѓето нема да потпаднат под такви манипулации и да се судрат со други граѓани, токму поради фактот што политичка одговорност треба да сносат политичките елити, а не жртви да бидат граѓаните“, вели Садику, кој на прашањето дали на вечерашните собири може да се гледа како на контра одговор на нивните собири на кои бараат одговорност, нагласува дека секој треба да има право на собирање.

„Не можам да прејудицирам која е позадината на таквите собири и не сакам да барам некоја позадина, токму поради тоа што овие граѓански протести што траат цела недела одредени медиуми се трудат да искреираат некаква темна позадина. Мислам дека сите граѓани треба да имаат право на слободно собирање и мислам дека сите треба заедно да се заложат тие собири да поминат најмирно“, вели Садику.

Инаку, демонстрантите пред влада сега имаат три барања: итна оставка и преземање одговорност на целата Влада; итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму и формирање на Влада за демократизација на институциите.

Аналитичарот Владимир Божиновски инсистира дека на собирите за поддршка на македонската полиција не треба да се гледа како на некакви контра собирања.

„Зошто одма да бидат протести и контра протести? Ова е најавено за поддршка на полицијата, а не како протест. Зошто да ги сметаме за протести? Тоа е повеќе собир на граѓани што изразуваат поддршка. Ова другото е на некој начин протест, ама и тоа се менуваше, па и тие вчера и завчера им даваа поддршка“, вели Божиновски, кој исто така не очекува да има судири меѓу двете групи вечерва, оти, како што додава, двата настана се најавени како мирни.

Во меѓувреме, претседателот на СДСМ најави дека нема да го откажат протестот најавен за в недела, а се очекува и да се продолжи со објавување на т.н. бомби.