Акцијата во Куманово во која загина осум полицајци, а 37 се ранети заврши, а во Македонија денеска знамињата се спуштени на половина копје. Неопходноста и тајмингот на полициската акција беа професионално одредени, а секое одлагање ќе значеше нови ризици, рече премиерот Никола Груевски, оценувајќи дека разбиената терористичка група во Куманово планирала масовни убиства со цел дестабилизација на Македонија со напади врз различни цели како државни институции шопинг молови и спортски натпревари со што можело да дојде до убиство на осум илјади луѓе.
Загубивме осум луѓе кои заедно со нивните колеги полицајци спречија убиства на можеби осум илјади луѓе. Слава им.Никола Груевски, премиер на Македонија.
„Загубивме осум луѓе кои заедно со нивните колеги полицајци спречија убиства на можеби осум илјади луѓе. Слава им. На сите оние кои размислуваат да и нанесат зло на државата и на народот им порачувам дека ќе завршат како оваа терористичка групација во 28-те часови борба“, рече Груевски.
Тој рече дека полицијата ја имаше досега најтешката, најсложена и најкомплицирана операција и дека учествувале полицајци од сите етнички и верски заедници.
Во текот на вчерашниот ден на полициските сили им се предадоа повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани, но и еден албански државјанин.Иво Котевски, МВР.
Според него ова не бил македонско – албански судир, туку судир на лица кои не и сакаат добро на државата и народот и припадниците на безбедносните сили.
Според премиерот, значаен дел од уапсените се и лица кои неодамна учествувале во нападот на полициската станица во Гошинце. Тие учествувале во повеќе конфликти во регионот и делумно на Блискиот Исток.
Портпаролот на МВР Иво Котевски, рече дека биле пронајдени телата на 14 убиени терористи, но по целосна проверка на теренот може да се пронајдат нови тела. На униформите имале ознаки на ОВК.
„Во текот на вчерашниот ден на полициските сили им се предадоа повеќе од 30 терористи, главно македонски државјани, но и еден албански државјанин. Истите се предмет на обработка на службите и против сите нив ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело – терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“.
Котевски рече дека во Куманово е пронајден и голем арсенал оружје.
Пред почетокот на седницата на Советот за безбедност што ја свика претседателот Ѓорге Иванов, даде изјава претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој рече дека нивните ставови за капацитетот и легитимитетот на оваа власт се познати, и од нив не отстапуваат . Но денеска имаме друг приоритет, да се спречи процесот кој очигледно води кон дестабилизација на државата и загрозување на безбедноста на граѓаните, рече Заев
„На седницата, во име на граѓаните, ќе барам објаснување кој, зошто и со каква цел ја дестабилизира Македонија, дали воопшто кризата во Куманово е завршена и дали е точно дека и во некои други региони има инфилтрирано вооружени групи? Дали безбедносните служби знаеле од порано за оваа вооружена група и од кога? Исто така, од суштинско значење е дали овие луѓе имаат каков било план и стратегија за смирување на состојбата и спречување на можна ескалација“, рече Заев.
Пукањето во Куманово започна вчера утрото околу 4 часот и 30 минути и траеше во текот на ноќта и утрото.