Решение е можно ако Груевски си оди

Неопходен е политички договор за излез од кризата, оти ако продолжи конфликтната состојба ќе остане минимум простор за компромис.

Во секоја форма политичкото решение на проблемот е неопходно, а правна разрешница е возможна само ако дојде до невозможното, да се изберат пет судии на кои сите ќе им веруваат, оценува аналитичарот Арсим Зеколи во интервјуто на Радио Слободна Европа што ќе го емитуваме в недела.

Кога двете страни ќе се соочат со фактот дека нема каде да се оти или втората ситуација во која ќе бидеме принудени на тој однос „земи или остави“. Земи, во смисла дека сите ќе губите од тоа, но со надеж дека земјата, не велам државата, туку земјата ќе добие нешто од тоа. Остави, тоа ќе биде,, барем за мене најужасното сценарио, е тоа да бидеме оставени во состојба на перманентна имплозија, да тонеме и се давиме во своите недела.
Арсим Зеколи, политички аналитичар.

Според него на крајот сепак се ќе се реши со политички договор, за што постојат два начина.

„Кога двете страни ќе се соочат со фактот дека нема каде да се оти или втората ситуација во која ќе бидеме принудени на тој однос „земи или остави“. Земи, во смисла дека сите ќе губите од тоа, но со надеж дека земјата, не велам државата, туку земјата ќе добие нешто од тоа. Остави, тоа ќе биде,, барем за мене најужасното сценарио, е тоа да бидеме оставени во состојба на перманентна имплозија, да тонеме и се давиме во своите недела“, вели Зеколи.

И поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов,смета дека е можно Македонија да остане на подолг рок во ваквата состојба, а единственото решение, според него, е Груевски да си поднесе оставка.

„Многу е тешко да се каже некое решение, кое би било решение, а да е сега можно. Не сум сигурен дека е можно вистинското решение. А вистинско решени е да се повлече Груевски, да дојде до нова влада, која ќе може да обезбеди предвремени, ама нормални избори, така да тоа е решението, се друго е сурогат. Ова дека ќе биде полошо или ќе биде подобро, ситуацијата е доста лоша, многу лоша.“

А вистинско решени е да се повлече Груевски, да дојде до нова влада, која ќе може да обезбеди предвремени, ама нормални избори, така да тоа е решението, се друго е сурогат. Ова дека ќе биде полошо или ќе биде подобро, ситуацијата е доста лоша, многу лоша.
Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието.

Зеколи пак смета дека ќе продолжи, како што вели, конфликтната состојба бидејќи, како што вели, веќе се исрцтани две страни меѓу кои има минимум простор за компромис.

„После десет години на оваа бетон-барокно потиснување на општеството од страна на две партии, ние забораваме дека во овие десет години многу групи на граѓани, интересни групи, партии, размислувања, движења, невладини организации, цели генерации всушност држани во една хибридна состојба на молк и не им се даваше можност да се искажат и она од што се плашам дека одеднаш ќе дојдеме во една ситуација во која сите ќе сакаат да прозборат во еден момент и тоа може да создаде еден колапс на дијалогот во општеството“, вели Зеколи.

Според анкетата поставена на нашата интернет страница најголем дел од посетителите што се изјасниле на прашањето кое е веројатното решение на политичката криза односно 54.3 отсто сметаат дека тоа е уличната демократија. За политички договор се изјасниле 23.5 отсто, а за реконструкција на владата 15.6 отсто.