Демонстрантите со јајца ја гаѓаа општинската зграда и извикуваа „оставка“ и „убијци“. Други поголеми инциденти не се случија на двочасовниот протест во Битола. Околу илјада граѓани протестираа против полициската бруталност и побараа одговорност од надлежните за убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски од пред четири години. Граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „И јас сум Мартин“, а помладите битолчани оваа парола ја имаат испишано и на своето тело.
Протестот започна пред Офицерскиот дом, а толпата продолжи низ Широк Сокак. Протестантите извикуваа „Ајде мажи станете“ за битолчани кои мирно си пиеја кафе на Широк Сокак. Потоа се упатија кон полициската станица која ја обезбедуваше кордон полицајци. Битолчани извадија транспарент на кој пишуваше „Брате, фрли го пендракот во отпад“. На некои од полицајците им дадоа и цвеќиња. Од тука со силни свирежи и извици „уа“ се упатија кон општинската зграда. Општината беше празна и со полициско обезбедување. Граѓаните зградата ја годеа со јајца, при што ја пожолтеа фасадата.
Револтирани сме. Ситуацијата во целата земја е таква што е нашата должност да покажеме дека треба да се престане со таа бруталност што се искажува од страна на полицијата.Анкетиран грашанин.
„Нередот во државата не испровоцира да излеземе на протести. Сите имаме деца и сакаме правдата да функционира како што треба и да можеме да им веруваме на институциите. Сакаме да се расчисти случајот со Нешкоски и да одговараат и оние кои се обидуваа да го прикријат убиството и да се извлечат од одговорност“, изјавија двајца повозрасни битолчани.
Во толпатата преовладуваа млади.
„Ме испоровоцираа зашто не лажеа цело време, зошто да на ја прикажат ситуацијата каква што е реална, зошто власта да се обиде да избега од одговорност? Значи сè е ова една голема лага. Револтирани сме. Ситуацијата во целата земја е таква што е нашата должност да покажеме дека треба да се престане со таа бруталност што се искажува од страна на полицијата“, изјавија помладите учесници во протестот.
За време на протестот немаше повредени. Околу 20 часот најголемиот дел од протестантите се разотидоа.