Илјадници средношколци, студенти и нивни поддржувачи денеска се собраа на третиот средношколски марш од кој и порачаа на Владата стоп за лошите реформи во образованието.
Претеруваат, експериментираат со нас како со заморчиња. Бараме да се укине екстерното, а математика да не полагаме со стручните училишта, затоа што ние не учиме математика и не треба да полагаме.анкетиран средношколец.
Со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Не си го реформирај министре образованието, затоа мама не ме праќа на школо“, „Професори, учениците ви одржаа час“, „Не ни го уништувајте образованието“, „Средношколец не е еднакво на бел глушец“, „Министре од нас ли се плашите?“, тие од Градскиот парк се упатија кон зградата на Министерството за образование.
Пред раскрсницата кај владата се споија со насобраните студенти чиј пленум и претходно им даде поддршка. Претставници на средношколците и на студентите запалија факел за да го покажат единството.
Да разговараат треба, зошто да не ги примат? Дали се во право или, нека си аргументираат. Не мислам дека реформите се лоши, но треба да се разговара да се види дали се добри или лоши.анкетирана граѓанка.
Пред зградата на Министерството за образование и наука побараа оставка од министерот и извикуваа сега ќе не слушнете. Тие бараат да полагаат државна матура според стариот концепт и шест месеци да биде ставен во мирување законот за екстерното тестирање.
„Да нема екстерно, да се укине математиката за нематематичките смеровии да се врати стариот модел за матура.“
„Претеруваат, експериментираат со нас како со заморчиња. Бараме да се укине екстерното, а математика да не полагаме со стручните училишта, затоа што ние не учиме математика и не треба да полагаме. Не треба да има екстерно, а за матурата, еден ден се полага писмено, а еден ден електронски, мислиме дека тоа е претерано“, велат средношколците.
Меѓу насобраните имаше и повозрасни граѓани кои излегле да ги поддржат.
„Да разговараат треба, зошто да не ги примат? Дали се во право или, нека си аргументираат. Не мислам дека реформите се лоши, но треба да се разговара да се види дали се добри или лоши“, вели една граѓанка.
Инаку средношколците по трет пат маршираат против реформите во образованието. Првиот се одржа на 19 март, а вториот на први април.