Општините да бидат транспарентни кога даваат пари на невладините

Дебар.

Невладините во Дебар и Центар Жупа велат дека општините треба да имаат методологија по која ќе им даваат пари на невладините, но концепт со кој ќе се знае се за потрошените средства.

Невладиниот сектор во Општините Дебар и Центар Жупа бара поголема транспарентност, но и утврдување на критериуми кога е во прашање доделувањето на средствата од буџетот на општините за граѓанските здруженија. Тие сметаат дека е неопходно да се има систем на методологија кога се доделуваат средства за невладините организации, заради што веќе стартуваше и проект кој нуди решавање на ова прашање.

Тие средства се доделуваат по потреба на база на барања. Ние сакаме да воведеме, да градиме систем и методологија, но и концепт со кој ќе се знае се за потрошените средства со еден извештај за тоа. Здруженијата треба да дадат отчет за потрошените средства.
Шуип Марку, активист во невладиниот сектор.

„Проектот се реализира во неколку општини во Република Македонија со поддршка на Американската организација за меѓународен развој – УСАИД и Институтот Отворено општество- Македонија. Ние во овие општини во партнерство ќе вршиме обука и ќе ја подигнеме свеста на општинските власти, членовите на Советите како и на граѓанските здруженија за потребата од транспарентност во доделувањето на средствата наменети за невладините организации и спортските клубови. Во Општина Дебар во споредба со Центар Жупа има одредена транспарентност на распределбата на средствата на невладините организации, но таа треба да биде целосно и да се воспостават критериуми, бидејќи критериуми нема. Тие средства се доделуваат по потреба на база на барања. Ние сакаме да воведеме, да градиме систем и методологија, но и концепт со кој ќе се знае се за потрошените средства со еден извештај за тоа. Здруженијата треба да дадат отчет за потрошените средства“, вели Шуип Марку, локален координатор на проектот.

Шуип Марку.

Според него, по средбите што ги имаа преставниците на граѓанските здруженија и спортските клубови од двете општини кои работат по законски пат, даваат поддршка на овој проект за транспарентност и критериуми во однос на доделување на средствата.

„Во здруженијата кои се организирани, работат во континуитет, но и се пререгистрирани, оваа активност односно проект се поддржува целосно. Има одредени реакции на оние невладини организации кои не се пререгистрирани и работат одвреме навреме, без почитување на законските прописи“, додава Марку

Инаку и преставниците на локалните власти од регионот даваат силна поддршка за овој значаен проект, бидејќи и тие се свесни дека стихијното финансирање на активности на граѓанските организации и спортските клубови не е добро.