Поплави поради неисчистените канали

Село Мороишта, Струга.

Жителите од струшките села се жалат дека поради неисчистените канали и при најмали врнежи од дожд се соочуваат со поплави во нивните дворови и куќи.

Жителите на неколку села во Струга се жалат на неисчистените канали во регионот на струшко. Велат дека и при најмали врнежи од дожд се соочуваат со поплави во нивните дворови и куќи. Една жителка на село Мороишта прашува кој ќе и ја направи куќата која и се оштетила.

Ние бараме да се реши овој проблем, бидејки куќите ќе паднат. Никој не преземе никакви мерки. Секој ден се справуваме со овие проблеми, а куќата ми се оштети, кој ќе ја направи мојата куќа? Каналите се затворени, патот поминува од тука, како брана е и водата нема каде да оди.
Жител на Мороишта, Струга.

„Ние бараме да се реши овој проблем, бидејки куќите ќе паднат. Никој не преземе никакви мерки. Секој ден се справуваме со овие проблеми, а куќата ми се оштети, кој ќе ја направи мојата куќа? Каналите се затворени, патот поминува од тука, како брана е и водата нема каде да оди. Никој не доаѓа да ги отвори каналите. Од секаде бараме помош, проблемот да се реши, секој се трга на страна и никој не го решава“, рече една жителка на Мороишта.

Жителите бараат да се исчистат каналите без разлика во чија надлежност се тие. Дали под општина Струга или под државата.

Поплавени се куќи, плевни и големи имоти со големи површини на посеани ниви. Проблемот е во неисчистените канали. Со некој премер од 80-те години тие се направени во приватен имот.
Бране Дамјаноски, претседател на Месната заедница во селото Мислешево.

„Со години не се чистат тие, не е тоа од сега. Има дваесет години.“

РСЕ:Каква е ситуацијата со каналите во струшкиот регион?

„Катастрофа е секаде, никаде не е исчистено, секаде е вода. Народот се жали. Бараме да се исчистат каналите и да се пуштат старите канали. Тие ни создаваат проблеми. Од целото поле се собира кај нас целата вода“,вели друг жител.

Претседателот на Месната заедница во селото Мислешево, Бране Дамјаноски вели дека оваа година каналите го достигнале максимумот.

„Поплавени се куќи, плевни и големи имоти со големи површини на посеани ниви. Проблемот е во неисчистените канали. Со некој премер од 80-те години тие се направени во приватен имот. Една река Шарапица таа дел е во државен имот, а дел е во приватен имот. Каде што влегува во приватниот имот е скоро затрупана и претерано имаме голем проблем со тоа. Со години не сме слушнале дека некој канал е исчистен иако има во најава сега нешто.“

Тој рече дека за оваа проблематика се имале обработено до сите надлежни органи.

„Се имаме обработено до сите надлежни инспектори во општината.“

РСЕ: Сте се обратиле и до министерствата?

„Се имаме обратено, но овие се локални канали. Еден од каналите кој е под државата мислам дека ќе се чисти во иднина,но мислам дека тоа е премалку“, вели Дамјаноски.

Неколку села во регионот на Струга оваа година се соочија со сериозни проблеми од поплавите кои го зафатија нивниот регион. Се плашат дека топењето на снегот кој се уште го има во изобилие на Јабланица и околните планини ќе направи дополнителни проблеми.