Сто и шест пати на собраниската седница на деветти октомври 2008 година било споменато името на премиерот Никола Груевски. Опозиционерите го барале да дојде во Собранието кога се донесе одлука да се признае независноста на Косово, може да се заклучи од стенограмот од седницата.
Секогаш Никола Груевски се труди да си овозоможи некоја вратничка која понатаму ќе ја искористи да каже дека зад одреден негов потег тој не стои целосно, дека фактички сите други го притиснале, а тој не сакал.Здравко Савески, универзитетски професор.
Груевски и како министер во владата на Љубчо Георгиевски не присуствувал на владината седница кога била донесена одлуката за купопродажба на ОКТА на 7 мај 1999 година. Неговото неприсуство беше и аргументот со кој во 2007 година се одговараше на опозициските напади за договорот за скопската рафинерија.
Вчера, пак, при презентацијата на телефонските разговори во седиштето на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев обвини и дека премиерот ја донел одлуката за амнестијата на хашките случаи, но и како што рече, пресметливо нарачал одговорноста да биде префрлена на пратениците.
Ние имавме случаи кога времетраењето на постапката за еден закон, за еден правен акт, за една одлука да не помине повеќе од една минута што е преседан во светот.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Според професор Здравко Савески, Груевски е доста пропагандно вешт политичар.
„Секогаш Никола Груевски се труди да си овозоможи некоја вратничка која понатаму ќе ја искористи да каже дека зад одреден негов потег тој не стои целосно, дека фактички сите други го притиснале, а тој не сакал“, вели Савески.
Од вчера презентираните телефонски разговори, пак, се слуша како гласовите, за кои Заев тврди дека се на министрите Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, се обидуваат да избегнат да одат на собраниската седница во 2011 година на која се донесе одлуката за амнестијата на хашките случаи. Од разговорот се слуша и дека повеќе пратеници, но и лично секретарката на Груевски ги барала за да одат во Собранието бидејќи немало кворум.
Според професор Осман Кадриу, за тоа дека собранието е претворено во гласачка машина на власта доказ е и брзината со која се носат законите.
„Ние имаме случаи во конкретни временски периоди во Собранието, во една забрзана постапка, во една скратена постапка донесуваат закони без расправа. Ние имавме случаи кога времетраењето на постапката за еден закон, за еден правен акт, за една одлука да не помине повеќе од една минута што е преседан во светот“, вели Кадриу.
Тој додава и дека за многу прашања досега се покажало дека Собранието само ја спроведува политиката на владата, а треба како што вели да биде обратно, односно актите на собранието да ги спроведува владата.