Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека Грција се решила на дипломатска рамнотежа. Тоа, според него, значи дека грчката криза мора да се реши во рамките на европското семејство и оти притоа сосема друга работа се односите на Грција со земјите надвор од Европската унија.
На Грција и е потребна Европската унија, а на Русија и треба Грција во Унијата и во НАТО за да стекне поддршка додека е под критики и под економски санкции.Константинос Филис, директор во Институтот за меѓународни односи во Атина.
Ваквото негово гледање на ситуацијата не е во согласност со сегашната политика на европските партнери кои, поради украинската криза, избегнуваат да ја посетат Москва.
Сепак, премиерот Алексис Ципрас ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин и со премиерот Дмитри Медведев на разговори, како што е објавено од кабинетот на грчкиот премиер, за стопанска и трговска соработка, за инвестиции во енергетиката и туризмот.
Грција во Русија, пак, гледа како дополнителна карта за својата дипломатска игра во која може да се покаже како земја со многу сојузници.
Во Москва веќе престојуваше шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и тоа само три недели по победата на радикалната левичарска партија Сириза на изборите одржани кон крајот на јануари годинава.
Иако сите грчки влади добро се однесувале со Русија, според оценките на аналитичарите, овој пат не станува збор за обични дипломатски односи.
Претседателот на европарламентот Мартин Шулц деновиве изјави дека Ципрас не би требало да ги вознемирува своите европски партнери со тоа што ја доведува под прашалник едногласноста на Европската унија во ставот спрема Русија.
Некои аналитичари, како Константинос Филис, директор во Институтот за меѓународни односи во Атина, сметаат дека станува збор за своевидна тактика, а не за некаков дипломатски пресврт на грчката влада.
„На Грција и е потребна Европската унија, а на Русија и треба Грција во Унијата и во НАТО за да стекне поддршка додека е под критики и под економски санкции“, смета Филис.
Тој додава дека Грција во Русија, пак, гледа како дополнителна карта за својата дипломатска игра во која може да се покаже како земја со многу сојузници.
Затоа, според аналитичарите, грчката влада сега била растрчана по Европа, Соединетите Држави и Кина.
Деновиве грчкиот министер Варуфакис во Вашингтон имаше состаноци во американското министерство за финансии по што Соединетите Држави повторно ја повикаа Атина да состави програма на реформи која заслужува финансиска поддршка на нејзините доверители.
Претходно, Варуфакис во Вашингтон разговараше и со Кристин Лагард, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд кој е еден од грчките кредитори.
По разговорите беше соопштено дека Грција до крајниот рок, четврток ќе му исплати на Фондот дел од долгот од 460 милиони евра.