Откриваме уште еден огромен корупциски скандал во Македонија, но и во регионот, вака претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја започна денешната прес конференција. Тој најави снимки за корупција, на како што рече, директорот на УБК, Сашо Мијалков, поврзани со набавката на опрема за тајната полиција од Израел. Во овие разговори, рече Заев, не се зборувало во шифри, туку, како што додаде, во конкретни милионски суми.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Заев тврди дека од снимките се слушало како Мијалков преку неговата соработничка Светлана Костовска барал половина милион евра од израелската компанија за воопшто да почнат преговорите. Тој напомена дека целата зделка се одвивала преку Русија и Унгарија . Заев рече дека преговорите од израелска страна се одвивале преку извесен Израелец Хаим Хакини.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Да видиме 200-те илјади од провизијата како да ги донесат, вели женскиот глас на една од снимките, за кои опозицијата тврди дека е разговор меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и вработената во Управата, Светлана Костовска, која подоцна беше избрана за судијка. Во еден од разговорите машкиот глас за кој од СДСМ велат дека е на Мијалков, прашува - Да те бираме ли за судија?, по што женскиот глас вели - Јас сакам да ме изберете, на што машкиот глас одговара - Јас средив работа. Цел живот ќе ви бидам должна, вели женскиот глас.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Заев потсети на веќе емитуваните разговори, меѓу како што вели министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за ребалансот на буџетот, во кои женскиот глас се жали дека не смее да крати од парите предвидени за набавка на опремата за прислушување.