Кога американскиот претседател Барак Обама им се обрати на муслиманите во Каиро во 2009 година, тој не ни насетуваше дека Блискиот Исток ќе се скрши како стаклена кула.
Ние во тој регион сме во состојба на слободен пад.Џејмс Џефри, поранешен амбасадор во Ирак и советник за национална безбедност на претседателот Џорџ Буш.
Поради хаосот во регионот, од борбите во Сирија, Ирак и Јемен до заладените односи меѓу Соединетите Држави и Израел, како и тензичните преговори со Иран, некои аналитичари упатуваат остри критики спрема Обама.
„Ние во тој регион сме во состојба на слободен пад“, вели за „Политико“ Џејмс Џефри, кој беше амбасадор во Ирак и советник за национална безбедност на претседателот Џорџ Буш.
Имаме сериозен проблем во соочувањето со светот и Америка главно е на маргините.Џон Бенер, спикер во Претставничкиот дом.
Меѓу острите критичари на Обама е и спикерот во Претставничкиот дом Џон Бенер, кој минатата недела изјави дека Соединетите Држави немаат општа стратегија за да се справат со растечките закани.
„Имаме сериозен проблем во соочувањето со светот и Америка главно е на маргините“, оцени тој.
Најитна е ситуацијата во Јемен, земја која до неодамна Вашингтон ја фалеше како пример во борбата против тероризмот. Сега Јемен е на прагот на граѓанска војна. Шиитските Хаути бунтовници ја соборија проамериканската јеменска влада.
Вашингтон сега се најде во чудна позиција да се бори заедно со Иран против сунитските милитанти на Исламската држава во Сирија и Ирак и во исто време да ја поддржува сунитската кампања против сојузниците на Иран во Јемен.
Се поставува прашањето дали Техеран е пријател или не? Тука, според критичарите, Обама нема јасна позиција.
„Тој игра на двете страни од оградата“, пишува „Форин полиси“.
Згора на тоа ситуацијата ја отежнуваат и преговорите со Иран што ги води американскиот државен секретар Џон Кери, кој се надева дека ќе постигне договор за контроверзната иранска нуклеарна програма.
Имено, токму можноста од таков договор ги залади односите меѓу Соединетите Држави и Израел и го отвори прашањето дали нивното партнерство ќе доведе до безбеден и стабилен регион.
Според „Вол стрит џурнал“, Египет и Обединетите Арапски Емирати ја делат загриженоста на Израел и на Саудиска Арабија околу можната промена во односите меѓу Вашингтон и Иран.
Во хаосот на сегашната ситуација, еден неименуван претставник на Стејт департментот вели дека евентуален нуклеарен договор со Иран би можело да претставува пресвртна точка.
„Вистината е дека сме блиску до договор кој може да ја смени играта со оној за кои многумина сметаат дека е најголема закана во регионот Иран“, наведува тој за „Политико“.