Ако администрацијата ја преиспитува нашата политика спрема Русија, Конгресот мора да биде информиран за целиот процес, изјавија за Радио Слободна Европа извори во сенатскиот комитет за надворешни односи.
Претходно, претставник на американската администрација за нашето радио изјави дека бил покренат сеопфатен преглед на политиката спрема Русија по нејзините дестабилизирачки и контрапродуктивни акции во минатата година, посебно во Украина.
Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека имало подготвено неколку предлог стратегии со цел конфронтирање со политиките на руските претседател Владимир Путин, а во исто време зачувување на соработката за прашања како Иран и антитероризмот.
Ние постојано ги преиспитуваме нашите политики спрема Украина за да се осигуриме дека тие одговараат на нашите цели. Нашиот фокус останува врз обезбедување решение преку дипломатски средства и секогаш испитуваме и други опции кои ќе помогнат за да се создаде простор за решавање на кризата преку преговори.Џен Псаки, портпарол на Стејт департментот
Пред извесно време „Блумберг вју“ јави дека Советот за национална безбедност го завршил процесот на преиспитување на политиката спрема Москва за нејзината улога во конфликтот во Украина.
„Њујорк тајмс“ деновиве објави дека Вашингтон ја разгледувал и можноста за снабдување на Украина со одбранбено оружје за да се спречат сепаратистите да освојуваат нови територии.
„Ние постојано ги преиспитуваме нашите политики спрема Украина за да се осигуриме дека тие одговараат на нашите цели. Нашиот фокус останува врз обезбедување решение преку дипломатски средства и секогаш испитуваме и други опции кои ќе помогнат за да се создаде простор за решавање на кризата преку преговори“, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.
Во меѓувреме, заменик генералниот секретар на Обединетите нации, Јан Елијасон, изјави дека украинскиот конфликт ги влоши односите меѓу Русија и Западот до точка кога повторно се крена духот на Студената војна.
Украина ги покажа ограничувањата кои ги имаат Обединетите нации кога во Советот за безбедност не може да се постигне согласност за заедничка акција.Јан Елијасон, помошник ГС на ОН
Во своето обраќање во Комитетот за надворешни односи на Европскиот парламент, тој изрази надеж дека недостигот на доверба меѓу главните светски сили нема да се одрази врз преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма или врз напорите за ставање крај на војната во Сирија.
Според него, ангажирањето на Обединетите нации во Украина не било доволно силно.
„Украина ги покажа ограничувањата кои ги имаат Обединетите нации кога во Советот за безбедност не може да се постигне согласност за заедничка акција“, рече тој.
Вчера Амнести интернешнал соопшти дека има собрано грозоморни докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во источна Украина.
Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Доњецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти и врз Дебалцеве, град што го држат украинските владини сили.
Досега во конфликтот што почна во април лани, според Обединетите нации, загинале над 5 илјади и 100 луѓе.