Институциите да постапат по наводите за разни злоупотреби кои се наведуваат во прислушуваните разговори и да утврдат кој ги снимил и како ги снимал, со чии ресурси, разговорите и ја нарушил приватноста на граѓаните, побара денеска Плаформата за борба против корупцијата, составена од 15 невладини организации. Од Платформата велат дека снимките треба да бидат посебно и внимателно испитани, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Од таму велат дека без разлика кој и да е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност.
Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото.Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје.
„Потсетуваме дека под корупција, меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките партии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните. Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото“, вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје.
Од Платформата за борба против корупција ги повикуваа Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата и Судскиот совет да се произнесе по случаите и да преземат мерки во рамки на нивните надлежности. Граѓанските организации се решиле да ги повикаа институциите да си ја работат работата, затоа што увиделе дека тие молчат или пак не се доволни транспарентни.
Ние мора да верувам во институциите. Нашата улога исто така е да ги повикаме и граѓаните да веруваат во институциите и иако сме многу разновидни по својот карактер како невладини организации сите ние во нашето делување настојуваме и соработуваме со институциите.Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл-Македонија.
Од невладините велат дека политиката треба да дозволи институциите да функционираат.
„Ние мора да верувам во институциите. Нашата улога исто така е да ги повикаме и граѓаните да веруваат во институциите и иако сме многу разновидни по својот карактер како невладини организации сите ние во нашето делување настојуваме и соработуваме со институциите. Иако во најголем дел се наидува на нивна затвореност, но верувам дека и ние како Платформа нашата цел понатаму ќе биде и да соработуваме со институциите за да се зајакне нивниот капацитет и да се овозможи вистинско реагирање по однос на сите овие случувања“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл-Македонија.
Повиканите институции имаат рок од 30 дена да ја известат јавноста дека преземаат мерки за да ги истражат наводите, а доколку тоа не се случи Платформата ќе ги потсети граѓаните дека институциите не си ја вршат работата, а најавија дека имаат и други реакции поврзани со темата прислушување.