Професор Буџаковски, дали воопшто постои или каква е опасноста за Македонија од масовниот одлив на бегалци од Сирија, за каков што неодамна имаше предупредување и од страна на грчкиот министер за одбрана Панос Камeнос.
Зголемениот број на илегалци кои што поминуваат низ Република Македонија, посебно они што се од кризните подрачја, кадешто Исламската држава презема одредени воени дејствија ќе има последици не само врз Република Македонија и регионот, туку и пошироко во Европската унија. Тука можеме да потенцираме проблемот што секогаш во вакви ситуации и сега поради вкупните политички и економски состојби во регионот и пошироко, некако проблемот се пренесе и од една држава во друга, проблемот фактички се потуркнува се на другата држава. И гледаме дека тие слободно транзитираат по железнички пруги, по одредени рути и така натака, но сметам дека Република Македонија ќе има големи последици бидејќи ние сме притиснати од тоа дека треба да преземеме мерки и секогаш ние сме во регионот најдобри.
За какви последици може да се работи?
Прво ќе тргнеме од она што е актуелно во моментот, а тоа се економските последици, бидејќи ние за да ги прифатиме и за да преземеме мерки, да отвораме одредени процеси, сето тоа чини пари. Меѓутоа поголемиот проблем е што со тек на време доколку тие почнат на територијата на Република Македонија немајќи кај да одат, да преземаат одредени криминални и други активности коишто негативно ќе се одразат на вкупната безбедносна состојба, вклучително и она најлошото да се вклучат во терористички акти.
Има ли Македонија како држава, конкретно надлежните органи коишто се задолжени за тоа, капацитет да се справи со таквите имигранти?
Прво Република Македонија не може сама да се справи со овој проблем, треба прво регионално поврзување, понатаму пошироко меѓународно поврзување, односно тука доминантна треба да биде Европската унија, бидејќи сите емигранти патуваат за земјите од Европската унија. Она што може да го потенцираме за Република Македонија е дека ги знаеме нашите економски можности и други можности од социјална и од друга природа, еве да ја земеме и здравствената заштита на тие луѓе, ние како држава сме сиромашни.
Ако не е исклучено дека во тој масовен одлив би имало и потенцијални борци на Исламската држава, какви безбедносни ризици носи тоа?
Секогаш кога се зема проблемот од безбедносен аспект, секогаш вакви ситуации одредени служби и одредени движења ги користат за инсталирање на свои припадници во одредени структури и држави,така да во оваа ситуација не е исклучена и таа можност поради оние коишто бегаат заради економски, социјални причини, политички причини и така натаму, така да имаме инсталирано и лица коишто можат да преземаат одредени криминални активности и најтешките дела она што значи преземање на одредени терористички акти.