Деструкција, дестабилизација, меѓусебни закрувавувања, враќања на ситуација од 2001 година кога имаше воен конфликт. На речиси секој јавен настап, премиерот Груевски и претставниците на Граѓанското движење за одбрана на Македонија повторуваат дека крајната цел на објавувањето на „бомбите“ на опозицијата е поттикнување такви дејствија во земјава. Тие одат дури и подалеку, па велат дека не требало да се се дозволи дестабилизација, преименување и исчезнување на државата.
СДСМ уште од почетокот на кулминацијата на политичката криза во Македонија постојано укажува и повикува на смиреност меѓу граѓаните, зашто овде воопшто не станува збор за никаква битка или борба меѓу две политички партии, туку станува збор за обелоденување на вистината за Македонија.Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека вршат безбедносни проценки и се подготвени соодветно да реагираат ако има потреба. Но, портпаролот Иво Котевски вели дека во врска со ваквите изјави не сакаат да коментираат оти тоа биле политички оцени.
Од СДСМ, пак, кон кого најчесто се упатени оцените дека некој сака нереди и дестабилизација на земјава целосно ги отфрлаат ваквите наводи.
„СДСМ уште од почетокот на кулминацијата на политичката криза во Македонија постојано укажува и повикува на смиреност меѓу граѓаните, зашто овде воопшто не станува збор за никаква битка или борба меѓу две политички партии, туку станува збор за обелоденување на вистината за Македонија и за тоа дека на чело на оваа држава се Никола Груевски и една тајфа околу него коишто со класични криминали раководат со оваа држава во текот на изминатиот период“, вели партискиот портпарол Петре Шилегов, кој тврди дека токму Груевски и неговите соработници биле оние што повикувале на поделби во општеството.
Кај јавното мислење, односно кај граѓаните на Република Македонија е прилично јасно дека станува збор за реторика којашто крие партиско-политички натпревар, којашто крие обид да се ублажи она што целата меѓународна заедница го нарече политичка криза.Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор.
Според социологот, професор Ѓорги Тоновски реториката во јавниот говор во Македонија покажува дека состојбата не „е баш розова, сакале ние тоа да го признаеме или не“.
„Кај јавното мислење, односно кај граѓаните на Република Македонија е прилично јасно дека станува збор за реторика којашто крие партиско-политички натпревар, којашто крие обид да се ублажи она што целата меѓународна заедница го нарече политичка криза, отколку дека станува збор за некаква сериозна намера, мислам дека би било пренесериозно да се сфаќа сериозно како намера да се направи, да се преземат некои чекори коишто би оделе во насока на вистинска деструкција и дестабилизација на Република Македонија, посебно по оној меѓуетнички крак“, вели Тоновски.
Тој вели дека со ваквата реторика само се одржува тензијата и до членството се испраќа порака дека ситуацијата е под контрола и оти противникот не може да ги загрози нивните интереси.