Тројца луѓе, премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го контролирале целосниот правосуден систем преку местење на свои партиски кадри за судии и јавни обвинители, тврди претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој на денешната прес-конференција на која ги презентира телефонските разговори на високи личности, рече и дека тоа тие го правеле во соработка со поранешниот министер за правда Блерим Беџети и Муса Џафери за кој Заев нагласи дека му бил десна рака на претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Оваа тесна група на власт се пазарела, местела судии и обвинители по подобност, нарачувале судски пресуди за себе и за свои блиски, некои од нив готвеле дури и одмазднички планови за загорчувања живот на несервилните соработници.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
„Оваа тесна група на власт се пазарела, местела судии и обвинители по подобност, нарачувале судски пресуди за себе и за свои блиски, некои од нив готвеле дури и одмазднички планови за загорчувања живот на несервилните соработници“, рече Заев.
Во еден од телефонските разговори пуштени денеска, Заев тврди дека се слушаат гласовите на Јанкулоска и Мијалков, а како што рече министерката од шефот на УБК барала ургенција МВР да го изгуби спорот на Врховен суд воден против некој човек.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Женски глас: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и....
Машки глас: Да де, да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
Женски глас: Оти он више знаеш, ги зел парите...
Машки глас: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
Женски глас: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви...
Машки глас: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
Женски глас: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
Во друг телефонски разговор, пак, Заев вели дека Јанкулоска разговарала со претседателката на судскиот совет Александра Зафировска.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Прв женски глас: Да, да. Е вака сега. Денес ми се јави Сашо.
Втор женски глас: Мхм.
Прв женски глас: И ме прашуваше во врска со списоците за изборот на стручни.
Втор женски глас: Аха.
Прв женски глас: И, ми вика: од кај ти се списоците. Па викам: од таму од каде што беше договорено.
Втор женски глас: Од партија, да, да, да.
Прв женски глас: Иии, не, вика. Вика: зачекај. Вика: да видам јас. Ама викам: ја она што беше надвор, за Штип, за Битола, тоа си поделив.
Втор женски глас: Да де, да.
Прв женски глас: И му кажав, он ми... дел од нив више даваат решенија, дел постапката ја привршуваат, знаат што-како. Е сега остана проблемот за Скопје, за 1 и 2.
Втор женски глас: Така.
Прв женски глас: И за Апелација, и за...ваљда Лидија се побунила нешто.
Втор женски глас: Па најверојатно она, мислам со него има добра релација, ама не е страшно нека ги види, па можда и негде држи тоа што се побунила.
Од аудио снимката на која претседателот на СДСМ посочи дека се слушаат гласовите на Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески се слуша како се разговара за поранешен вработен во Министерството за финансии кој аплицирал за работа во Апелациониот суд.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Машки глас: Види, овој копиљов од кај мене што ти кажував у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Значи не го повлекува од кај мене барањето, игра на картата за да изминат 30 дена пошто по автоматизам нели му следува решение...
Женски глас: Да де да.
Машки глас: ...од понеделник немало да оди на работа и ме изнервира право да ти кажам, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ли ти, по некоја партиска линија тоа да го направите? За да не бидам јас директно, да не дигам слушалка, него Стојче, или кој ти е таму да се јави таму и да рече: не може ова да се вработи, по партиски треба да биде вработувањето, и не ни е партиски.
Покрај овие, на прес-конференцијата беа пуштени и разговори на како што беше наведено Мијалков со кандидатки за судијки и други министри. Заев рече дека премиерот се однесувал како давеник што се фаќа за сламка и повторно најави дека ќе објават сè што имаат во согласност со нивната партиска проценка кога треба да се обелоденат одредени материјали.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вашиот пребарувач не подржува HTML5