Претседателот на СДСМ Зоран Заев објави нова серија нелегално снимени телефонски разговори, овој пат на тема влијанието на политиката врз судството. На прес-конференцијата во партиското седиште, Заев рече дека со телефонските разговори се докажува кој целосно го контролира правосудниот систем во Република Македонија.
Тројца луѓе, како што рече Заев, ги влечеле сите конци во оваа област, а тоа се премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тие имале соработници во нивниот коалициски партнер ДУИ, односно во поранешниот министер за правда Блерим Беџети и десната рака на Али Ахмети, Муса Џафери, истакна Заев.
Тој додаде дека овие луѓе се пазареле, местеле судии и обвинители, а имале и одмазднички планови спрема сите кои не се однесувале сервилно кон нив. Во продолжение, прислушуваните разговори што ги објави Заев: