Не е вест тоа што минималната плата во земјава е 9.590 денари, но загрижувачки се податоците на Евростат, според кои Македонија заедно со Косово и Албанија се земји со најниски минимални плати во Западен Балкан. Дека животот со тој износ не е ни малку лесен потврдуваат дел од случајните минувачи.
Порано дали платата повеќе вредеше? Многу се купуваше, сега е од денеска за утре.Анкетиран граѓанин.
„Ако почнат некои работи да поскапуваат, со тоа треба паралелно и платата да се зголемува бидејќи во спротивно сите ние би почувствувале.“
„Порано дали платата повеќе вредеше? Многу се купуваше, сега е од денеска за утре.“
„Трошоците пораснале, се пораснало, само платата останала иста.“
„Се надеваме дека со господ напред да ни тргне на подобро, на поарно, затоа што речиси 25 години, од времето на СФРЈ, барем моето семејство не видовме бел ден, не видовме убав живот“, велат анкетираните граѓани.
Владата повторно се враќа на оној гол патриотизам, за воопшто граѓаните да ги оттргне од размислувањата за сиромаштијата во којашто се наоѓа, за нискито животен стандард.Слободан Најдовски, економски аналитичар.
Наместо да се засрамиме што имаме минимална плата од околу 150 евра, ние тоа го претставуваме како економски успех, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски. Според него најниската плата во земјава не може да ги покрие ни најосновните трошоци на едно семејство, а одењето на годишен одмор стана луксуз.
„Навистина е разочарувачки тоа што со години наназад ние се наоѓаме на дното, односно на последните места во Европа и се повеќе се наликуваме на некоја држава од Африка за која претходно знаевме, бидејќи сега голем дел и од тие држави сега се пред нас“, вели Најдовски.
Фактот што еден од главните аргументи на роуд шоуата на Владата за привлекување на странски инвестиции се ниските плати на работниците, е доволно поразителен, вели Најдовски. Незадоволството кај луѓето е големо и оправдано, но реакцијата отсуствува поради преголемата индоктринација на политиката во секојдневните животи на граѓаните, посочува Најдовски.
„Владата повторно се враќа на оној гол патриотизам, за воопшто граѓаните да ги оттргне од размислувањата за сиромаштијата во којашто се наоѓа, за нискито животен стандард.“
Она на што Најдовски укажува е и, како што вели, разочарувачката улога на синдикатите кои како што вели не се срамат да кажат дека се борат за подобрување на правата на работниците и да им обезбедат солиден живот. Иако податоците на Евростат зборуваат за минимална плата во земјава од 131 евро, во меѓувреме од јануари годинава минималната плата во земјава се зголеми на 155 евра или 9.590 денари, што е за 12, 4 пати помалку од највисокиот минималец во земјите од Европската Унија, односно 29 евра помалку од најниската минимална европска плата.
Најниски минимални плати во земјите од Западен Балкан имаат граѓаните на Косово, Македонија и Албанија, а највисоки во Хрватска и Црна Гора, објави Евростат.
Според последните податоци, минималната плата во Косово се движи од 130 до 170 евра, во Македонија 131 евро, а во Албанија 149 евра. Во Србија минималниот личен доход изнесува 174 евра, а во БиХ 191 евро.
Во Црна Гора минималната месечна заработувачка е 193 евра, а во Хрватска таа изнесува 396 евра.