АУДИО: „Руши го Фијат“ - разговори Груевски - Јанакиески

На денешната прес конференција, лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нова серија прислушувани разговори. Овој пат во врска со уривањето на објектот Космос на Фијат Цаноски.

Станува збор за разговори, според Заев, меѓу премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои премиерот дава насоки како да се урне објектот „Космос“, милионска инвестиција на Фијат Цаноски. За да се сфати контекстот на времето и настаните треба да се потенцира дека разговорите, според Заев, датираат во периодот на затворањето на А1 телевизија и апсењето на нејзиниот сопственик Велија Рамковски. Таргетираниот во случајот, Фијат Цаноски е сват на Рамковски кој тогаш ја напушти владејачката коалиција и и се приклучи на коалицијата, предводена од СДСМ.

Како одела целата координација, според она што го објави Заев:

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 2

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 3

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 4

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 5

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 6

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 7

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 8

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос 9

Инаку, одговарајки на новинарски прашања, Заев најави дека чекор по чекор, ќе бидат објавени, како што рече, докази и за тоа до каде отишол премиерот Никола Груевски во врска со преговорите за името, како и за манипулации на изборите во 2011-та, 2013-та и 2014-та.