Сопствена диктатура

Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика.

Да, македонските државјани од сите националности се кренаа на борба. Борба за да си ја вратат слободата која за иронија на животот и македонската историја, дочекаа да им ја земат не странски окупатори, туку домашни, од домашно производство, пишува Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„А бре Mакедонче, каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода.“

Да, македонските државјани од сите националности се кренаа на борба. Борба за да си ја вратат слободата која за иронија на животот и македонската историја, дочекаа да им ја земат не странски окупатори, туку домашни, од домашно производство. Дочекаа по којзнае кој пат комшијата, роднината, колегата да им биде непријател, заплашувач, па дури и крвник. Да стравуваат дека можеби од чиста злоба и пакост биле прислушкувани, затоа што некој злобник е на висока функција, па сака да си ја нахрани ситната душичка со копање по туѓите животи. Да се плашат дека можеби поради партиска „неподобност“ ќе им биде укината социјалната помош или, не дај боже, нема да примат хемотерапија.

Можеби звучи бизарно, да се окупира за да се ослободи, но во годините на владеењето на корпорацијата ДПМНЕ, бизарноста стана секојдневие. Студентите го окупираат она што е нивно, а одземено од страна на власта со дивјачкиот упад во високото образование.

Висок е степенот на толеранција на Македонецот, но сепак секое лонче има капаче и знае да претече. Штрајк на машиновозачите, штрајк (кој иако заврши) на просветните работници, протест на хонорарците на кои државата континуирано им го зема лебот, окупација на студентите на сопствените факултети со цел да ги ослободат. Можеби звучи бизарно, да се окупира за да се ослободи, но во годините на владеењето на корпорацијата ДПМНЕ, бизарноста стана секојдневие. Студентите го окупираат она што е нивно, а одземено од страна на власта со дивјачкиот упад во високото образование. Ако требаше државата да се меша во високото образование, немаше да има потреба од универзитетска автономија. А каква е таа автономија? Тоа е независна контрола врз работењето, финансиите, персоналот и курикулумот (предметите) на факултетите кои се во рамки на универзитетот. Царот Тројан со своите козји уши се дрзна да се замеша таму каде што не му е местото.

Затоа и студентите тргнаа да си го вратат она што е нивно и на сите нас ни одржаа по којзнае кој пат лекција како се брани сопствената држава. Ниеден политичар од опозицијата уште од првите протести не се осмели да отиде и отворено да им пружи поддршка. Зошто? Затоа што студентите ќе му кажеа дека не се дел од нивната агенда, ниту се нивни послушници и ќе му ја покажеа вратата. Многу се сомневаат дека позади ваквата истрајност и организираност на студентите мора да стои политичка партија. Не се согласувам, затоа што овие млади луѓе немаат што да изгубат, а со протестите можат многу да добијат. Да си ги вратат назад украдената иднина, слобода, квалитетно образование и кога после петнаесет или дваесет години ќе се сетат на овој период, ќе знаат дека направиле нешто исправно за себе и својата татковина.

Народот тргна да си го врати своето, она што корпорацијата ДПМНЕ грубо, насилно, со закани по семејството и по животот му го одзеде. Лебот, правото на работа, правото на слободна одлука, но најпрвин и најважно од сè, слободата.

Историјата на нашите јужни и северни соседи кажува дека почетокот на паѓањето на нивните диктатури бил започнат од страна на студентите. Милошевиќ вршеше полициски упади на факултетите во Белград, за на крај „Отпор“ кој беше создаден најмногу од студенти заедно со народот да го сруши во 2.000 година. Грчката полиција се обиде да упадне и да апси на Политехничкиот факултет во Атина во 1973 година. Обидите беа неуспешни затоа што студентите исто како и нашите, го окупираа факултетот и не им дозволија да допрат ниту до студентските лидери, ниту до професорите кои беа против диктатурата на Пападопулос.

Народот тргна да си го врати своето, она што корпорацијата ДПМНЕ грубо, насилно, со закани по семејството и по животот му го одзеде. Лебот, правото на работа, правото на слободна одлука, но најпрвин и најважно од сè, слободата.