Достапни линкови

Еден напред, сто назад


Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика.
Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика.

Од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, до сега ова е најсрамотниот извештај кој Македонија го добива од Европската комисија. Нотирани се толку назадувања во реформите, дури и нивна стагнација и отсуство, што ниеден политички субјект на сцената нема право за никаква радост или потсмевање кон другиот, пишува Соња Стојадиновиќ, магистар по меѓународна политика во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Со ваков краток коментар може сликовито да се опише ситуацијата на Република Македонија во однос на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ. Со краток и бирократски јазик, Европската Комисија во својот извештај ретко каде нотира напредок доволен за поздравување, без следната забелешка да не биде ладен туш или освестувачки шамар. Доволно е само да се погледне вториот дел од извештајот насловен политички критериуми и да се добие најреална слика за тоа колку и каде сме назадувале, а за напредок во реформи не станува ни збор.

Доволно е само да се погледне вториот дел од извештајот насловен политички критериуми и да се добие најреална слика за тоа колку и каде сме назадувале, а за напредок во реформи не станува ни збор.

Устав: злоупотреба политички, партиски или идеолошки причини како основа за лустрација, избори: злоупотреба на државните ресурси во текот на изборната кампања и заплашување на гласачи, Собрание: отсуство на политички дијалог помеѓу партиите, јавна администрација: распишување на огласи по мерка за соодветен кадар и нерегуларно вработување на кадар, правосуден систем: селективна правда, индиректен притисок и така натаму.

Во поглед на способност за преземање на обврските од членството, коментарите и критиките по поглавја воглавно се воздржани, со старите коментари, препораки и со сувопарните изрази како напредок, умерен напредок, ограничен напредок. Главните поглавја за кои критиките кореспондираат со строгото предупредување на Европската комисија во поглед на следните години се поглавјето 23 Судство и фундаментални права и 24 Правда, слобода и безбедност. Низок процент на вработување на судии и обвинители кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители, намален буџет на АСЈО и некомлетен кадар. Поларизирана медиумска сцена, попречено право на пристап до различни ставови и точни информации. Ако продолжам да набројувам, ќе изледа како да ја опишувам секојдневната политичка ситуација во земјата.

Едноставното сумирање на негативните критики од извештајот на ЕК може да изгледа вака: имаме судство чија независност и компетентност се ставени под знак прашање, голем број на сомнителни судски пресуди кои биле доволно сомнителни што заслужиле место во извештајот. А кога некоја одлука, ситуација или промена во државата влезе во извештај на ЕК, тоа значи дека навистина има политичка тежина и импликација врз се што е поврзано со неа. Злоупотреба на лустрацијата за лични и политички пресметки, нефер избори, отсуство на политички дијалог кое само по себе кажува колку свесни и одговорни луѓе имаме на политичката сцена во земјата. Вработување на кадар по мерка на владеачката партија или по партиска заслуга без разлика дали имало потреба од вработување или не. Вработувањето во државната служба се користи како награда за партиската активност. Ситуацијата со медиумите се опишува со неколку збора: забрана до пристап на вистината и критичката мисла.

За Македонија конечно да тргне во вистинскиот правец, потребен е политички дијалог. Затоа господа политичари, отфрлете ги инаетот и суетата и седнете на маса да разговарате. Поголем политички поен од тоа не можете да добиете. .

Од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, до сега ова е најсрамотниот извештај кој Македонија го добива од Европската комисија. Нотирани се толку назадувања во реформите, дури и нивна стагнација и отсуство, што ниеден политички субјект на сцената нема право за никаква радост или потсмевање кон другиот. Вината за овој извештај паѓа на грбот на сите партии без разлика на блоковската припадност, позиција или опозиција. Подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го обвини СДСМ во случај да ЕК да ја повлечеше препораката, паѓа во вода. Лошиот извештај доаѓа во време на владеење на ДПМНЕ и нема ни најмала шанса дел од вината да се префрли на СДСМ. Исто така, СДСМ не може да го обвини ДПМНЕ ако се повлечеше препораката бидејќи таа останува, но вината за отсуството на политичкиот дијалог паѓа на грбот на двете партии. Задржувањето на препораката не смее да се сфати како награда или некој вид на сеуште постоечка компетентност на Македонија за иден член на ЕУ. Препораката останува затоа што ЕУ не сака да ја влоши ионака лошата политичка состојба во земјата и со тоа да создаде генератор на кризи во регионот. Предупредувањето дека постои опасност да се повлече таа препорака е срам за сите политички субјекти и значи дека никој не бил подготвен за политички дијалог и секоја страна се однесувала како магариња на мост. Не верувам дека ЕК во иднина би ја повлекла препораката затоа што тоа ќе значи и срам за нив, поточно знак дека имале слабо влијание врз политичарите, лоши проценки за политичката ситуација во земјата и нејзините капацитети за спроведување на реформи.

За Македонија конечно да тргне во вистинскиот правец, потребен е политички дијалог. Затоа господа политичари, отфрлете ги инаетот и суетата и седнете на маса да разговарате. Поголем политички поен од тоа не можете да добиете.

XS
SM
MD
LG