НАТО отвора командни центри во Источна Европа

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

НАТО отвора командни центри во Источна Европа

Министрите за одбрана на НАТО на состанокот во Брисел со одлука за проширување на присуството на Алијансата во Источна Европа. Станува збор за формирање мрежа на мали командни центри кои би можело да ја зајакнат безбедноста во регионот во случај на некаква закана од Русија.

НАТО со нова стратегија како одговор на кризата во Украина. Формирањето командни центри во Полска, Романија, Бугарија и трите балтички земји е еден од најконкретните чекори на Алијансата што се преземани за да се покаже дека НАТО ќе ги заштитува источно европските сојузници.

Кај нив расте нервозата во врска со руските намери откако Москва го анектира украинскиот полуостров Крим во минатата година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Алијансата планира да остане најсилен воен сојуз и покрај тврдењата на руски високи претставници дека Русија со посилен нуклеарен арсенал ќе има воена предност пред Западот.

НАТО е силен воен сојуз. Со конвенционалните сили, но и со нуклеарно заплашување ние ќе останеме најсилна алијанса во светот. Но, мислам дека она што го гледаме од Русија кога станува збор за нуклеарно оружје, само се вклопува во оваа поширока слика за Русија. Тоа е причината зошто НАТО сега спроведува најголемо обновување на нашата колективна одбрана од крајот на Студената војна.
Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО

Деновиве командантот на руските вооружени сили генерал Валериј Герасимов изјави дека и покрај економските тешкотии, руската војска годинава ќе добие повеќе од 50 нови интерконтинентални нуклеарни ракети.

„НАТО е силен воен сојуз. Со конвенционалните сили, но и со нуклеарно заплашување ние ќе останеме најсилна алијанса во светот. Но, мислам дека она што го гледаме од Русија кога станува збор за нуклеарно оружје, само се вклопува во оваа поширока слика за Русија. Тоа е причината зошто НАТО сега спроведува најголемо обновување на нашата колективна одбрана од крајот на Студената војна“, рече Столтенберг.

Распоредувањето мал број НАТО војници во постојните бази во источна Европа не претставува и задоволување на барањето на Полска за голема НАТО база на нејзина територија.

Командните центри ќе имаат по околу 50 луѓе кои ќе организираат вежби и ќе планираат распоредување војници според плановите на НАТО. Алијансата работи и на силите за брза реакција. Тие би биле способни за два дена да бидат распоредени во случај на криза.

Американскиот амбасадор во Алијансата Даглас Лут оцени дека знамето на НАТО ќе се вее во шест источно европски земји, каде што Алијансата досега имала мало присуство.

„Ова ќе бидат првите седум знамиња на НАТО во источна Европа“, рече тој во Брисел.НАТО исто така планира формирање и заеднички тренинг центар во Грузија.

Специјалниот претставник на НАТО за Кавказ и Централна Азија Џејмс Апатурај изјави дека овој центар нема ништо заедничко со сегашната безбедносна ситуација во регионот.

„Центарот е со единствена задача, обука“, рече тој во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, центарот ќе и помогне на Грузија да го реформира, модернизира и зајакне одбранбениот сектор.

Грузиската намера да стане членка на НАТО беше една од главните причини за петдневната војна со Русија во 2008 година.