Парите за државен испит на студентски плеќи

Државниот испит првите два пати нема да им се наплаќа, но наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот. Третиот пат ќе се наплаќа по 1.000 денари, за четврт пат студентите ќе треба да одвојат 6.000 денари, а за секое наредно пријавување по 12 илјади денари.

Државниот испит првите два пати нема да им се наплаќа на студентите, според измените и дополнувањата на Законот за Високо образование, кои неодамна беа усвоени во Парламентот. Доколку студентот не успее да го положи испитот два пати по ред, наредните пријавувања за полагање се на негов товар. Третиот пат ќе се наплаќа по 1.000 денари, за четврт пат студентите ќе треба да одвојат 6.000 денари, а за секое наредно пријавување по 12 илјади денари.

Односно како благородната страна како што најавуваа од владата и од Министерството за образование, да се подобри квалитетот на високото образование ќе испадне дека се удира по грбот на студентите и се заработува на наша сметка.
Горан Танески, Студентскиот пленум

Горан Танески од Студентскиот пленум го поставува прашањето дали е до таму стигната работата во високото образование за само да се профитира од државниот испит.

„Односно како благородната страна како што најавуваа од владата и од Министерството за образование, да се подобри квалитетот на високото образование ќе испадне дека се удира по грбот на студентите и се заработува на наша сметка.“

Горан Таневски.

Државниот испит е задолжителен за студентите од крајот на втората и на четвртата година од првиот циклус на студии како и за студентите од крајот на завршната година на вториот циклус на студии. Поголемиот дел од студентите и професорите протестираа против реформите во високото образование, но и покрај тоа тие беа донесени. Најголемата забелешка во однос на реформите беше дека со нив се врши грубото нарушување на автономијата на универзитетите, а со тоа и прекршувањето на одредбите од Уставот. Според Танески, не само што не се согласуваат со државниот испит, туку и со намерата тој да се наплаќа.

„Студентите и онака имаат доволно трошоци на факултетите, за секој испит се плаќа пријава, не е тоа кој знае колкав трошок, но сепак е, со оглед на финансиската состојба во која се наоѓаат поголем дел од студентите, ако се земе предвид и огромната невработеност на младите, која изнесува преку 50 отсто, тогаш се доаѓа до заклучок дека фактички е неизводливо.“

Во меѓувреме вчера се одржа неформална средба на преставници од Средношколскиот и Студентскиот пленум. Од Средношколскиот пленум велат дека разговарале за искуството на студентите и нивната организација. Оттаму најавуваат дека во наредните денови ќе излезат со соопштение како ќе делуваат во иднина и дали се задоволни од поддршката која ја добиваат од средношколците. Од Студентскиот пленум велат дека се уште нема никаков конкретен договор за некаква стратегија за евентуално заедничко делување.