Достапни линкови

Погубен закон, но ги размрда професорите и студентите


Собранието е „местото на злосторството“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Собранието е „местото на злосторството“

Власта го донесе Законот за високо образование и покрај бројните противења. Тоа ќе биде погубно за образованието, но сепак придонесе за раздвижување на академската заедница.

Собранието ги усвои предлог измените во Законот за високо образование и покрај противењето на голем дел од студентите, професорите и универзитетите. Пратениците останаа глуви на аргументите и забелешките и сега останува претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише указот за законот да стапи на сила.

Владата не ги ни дочека реакциите и службените дописи од универзитетите пред да си ја донесе одлуката на владина седница и потоа продолжи да го чекори оној забрзан процес кој не ги зеде предвид суштинските анализи .
Огнен Чемерски, Професорски пленум.

Огнен Чемерски од Професорскиот пленум, вели дека се донел штетен закон, кој не почива на сериозни анализи и кој ќе биде погубен за образованието и за науката.

„Владата не ги ни дочека реакциите и службените дописи од универзитетите пред да си ја донесе одлуката на владина седница и потоа продолжи да го чекори оној забрзан процес кој не ги зеде предвид суштинските анализи кои беа потребни да се направат пред да се направи каква било измена на законот со кој би се решиле проблемите што се наталожувале со години во образованието.“

Владимир Делов од Студентскиот пленум вели дека не можат да прифатат закон кој се коси со Уставот на Македонија.

„Пред сè се поставува прашањето дали треба да го почитуваме законот којшто е противуставен, а понатаму и дали треба да ги почитуваме народните пратеници кои гласаат за закон којшто е противуставен.“

Чемерски вели дека наредните чекори ќе бидат многукратни и придобивката од сето ова е што се размрдаа професорите и академската заедница.

Пред сè се поставува прашањето дали треба да го почитуваме законот којшто е противуставен, а понатаму и дали треба да ги почитуваме народните пратеници кои гласаат за закон којшто е противуставен.
Владимир Делов, Студентски пленум.

„За првпат имаме едно сериозно здружување во еден неформален облик кој според мене е суштина на демократијата и потоа тоа здружување ќе се канализира на разни начини и ќе може да влијае однатре сериозно во самите универзитети и потоа низ нив ќе може исто така да дејствува и да го разобличи овој штетен закон, да ги открие сите негови слабости, сите негови небулози. Систематски ќе го правиме тоа.“

Според него ќе ги употребат сите институционални и вонинституционални методи и за тоа имаат сила и волја. Делов додава дека остануваат на ставот за бојкот на наставата, а одлука за дополнителните чекори кои ќе ги преземат ќе ја донесат по завршувањето на испитната сесија и кога ќе започне новиот семестар на Универзитетите.

„Ние во неколку наврати најавивме бојкот на наставата, поради испитната сесија вчера излеговме со мал перформанс, друго нешто поголемо поради испитната сесија не би ризикувале.“

Од Професорскиот и Студентскиот пленум веќе побараа од Иванов да стави вето на реформите во високото образование. Студентскиот пленум најмногу се противеше на воведувањето на државниот испит, кој ќе биде спроведуван од Одбор за акредитација, чии членови ќе ги избира Собранието. Додека од Професорскиот пленум освен за наведеното се против поставувањето странци како декани и ректори, тестовите и казните.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG