Ќе се преиспитаат ли роковите за повлекување од Авганистан?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ќе се преиспитаат ли роковите за повлекување од Авганистан?

САД можеби ќе ги преиспитаат роковите за повлекување од Авганистан. Ова го изјави Авганистанскиот лидер Ашраф Гани. Тој смета дека крајните рокови треба да се базираат врз разумот. Многумина во и надвор од Авганистан изразија загриженост во способноста на владините сили да ја задржат контролата врз земјата.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека САД можеби сакаат да „го преиспитаат“ распоредот за повлекување на преостанатите американски војници од Авганистан. Во интервју за американската телевизија ЦБС, Гани истакна дека роковите се базираат врз разумот, но оти тие не треба да бидат догми.

Крајните рокови го концентрираат умот. Но крајните рокови не треба да бидат догми.

„Крајните рокови го концентрираат умот. Но крајните рокови не треба да бидат догми“.

Во почетокот на оваа година, авганистанските сили ја презедоа целосната одговорност за безбедноста во земјата, но според авганистанскиот лидер Ашраф Гани треба да се има подготвеност да се преиспита крајниот рок.

Ако двете страни, или во овој случај, повеќе страни, го имаат направено најдоброто за да се постигнат целите и ако напредокот е многу реален, тогаш би требало да има подготвеност да се преиспита крајниот рок.

Во Авганистан и во светот постои загриженост за способноста на владините сили да се справат со сите безбедносни предизвици, односно да ја задржат контролата врз земјата.

Од околу 140 илјади странски војници кои беа во Авганистан, останаа само околу 13 илјади кои во наредните две години ќе бидат ангажирани за обука на авганистанските сили.