Светот ја дочека Новата 2015 година

Новогодишното славење го наруши трагичен инцидент во Шангај. Таму, најмалку 35 лица загинаа во стампедо на неколку минути пред полноќ, а десетици други се повредени.

Со различни прослави насекаде околу светот, луѓето радосно го поздравија почетокот на 2015 година. Но, новогодишното славење го наруши трагичен инцидент во Шангај. Таму, најмалку 35 лица загинаа во стампедо на неколку минути пред полноќ, а десетици други се повредени.

Некои велат дека инцидентот бил делумно предизвиканод ресторан од каде што биле фрлени лажни пари од горниот кат на една зграда, предизвикувајќи луѓето да брзаат кон парите и да газат едни врз други. Според други, пак, народот се обидувал да се добие излез кон платформа на реката Хуангпу.

Причината за стампедто е под истрага од страна на официјални лица, кои минатата недела го откажаа планираното ласерско шоу на истото место со цел да се избегне собир на голем број луѓе. Некои велат дека инцидентот бил делумно предизвиканод ресторан од каде што биле фрлени лажни пари од горниот кат на една зграда, предизвикувајќи луѓето да брзаат кон парите и да газат едни врз други. Според други, пак, народот се обидувал да се добие излез кон платформа на реката Хуангпу. Кинескиот претседател Кси Џинпинг повика на темелна истрага за трагедијата и им нареди на локалните и регионалните власти во земјата да гарантираат дека сличен инцидент не може да се повтори.

Кина.

Мрачно расположение, исто така, беше почувствувано во Малезија по несреќата на патничкиот авион на Ер Азија на 28 декември, кој беше урнат и стави трагичен крај на 2014 гдина, но и со обилните поплави во североисточниот дел на земјата кои предизвикаа раселувањена околу 250.000 луѓе.

Во Обединетите Арапски Емирати, стотици илјади следеа го следеа најголемиот огномет во светот на највисоката зграда на планетата, Бурџ Калифа.

Во главниот град на Ирак, властите наредија укинување на полицискиот час во текот на ноќта, кој е во сила веќе една деценија за да им овозможи на граѓаните на Багдад да останат надвор до доцна и да ја слават новата година. Сепак, улиците во комерцијални области во Багдад беа затворени како мерка на претпазливост против самоубиствени бомбашки напади на исламските милитанти со кои градот се соочува со месеци.

Нова Година во Велика Британија.

Во меѓувреме, на 31 декември, повеќе од еден милион луѓе се собраа на пристаништето во Сиднеј во Австралија за да го видат неговиот познат огномет во близина на оперската куќа. Во Обединетите Арапски Емирати, стотици илјади следеа го следеа најголемиот огномет во светот на највисоката зграда на планетата, Бурџ Калифа. Десетици илјади луѓе се осмелија на температури под нулата на Црвениот плоштад во Москва да го проследат новогодишниот огномет кој ја осветлуваше познатата катедрала Свети Василиј и Мавзолејот на Ленин.

Во Берлин, Германија, луѓето се собраа пред Бранденбуршката порта за свечености каде што со отворен концерт и прослави беше одбележана 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. Во Париз, ласерско и светлосно шоу беше презентирано на Триумфалната порта, додека илјадници луѓе го означија почетокот на 2015 годинана познатиот булевар Елисејски полиња. Стотици илјади луѓе се собраа во центарот на Хонг Конг за да го видат пиротехничкото шоу во близина на заливот, само неколку недели откако официјалните лица ги урнаа шаторите на продемократските демонстранти, кои се собрираа на улиците последните неколку недели.

Во Шпанија, стотици илјадници пристигнаа пред мадридската Пуерта дел Сол, додека во Барселона се одржа голем огномет. Во Лондон беше презентиран новогодишен огномет по должината на реката Темза, а во шкотскиот главен град Единбург се одржа традиционалната улична забава. Во Јапонија, големи кутии беа поставени надвор од храмот Меиџи каде што традиционалните Шинто верници ги оставаат своите понуди во надеж дека ќе имаат успешна нова година.

Инаку, први Новата година ја пречекаа жителите на тихоокеанските острови Кирибати и Тонга и земјите на далечниот Исток, а најдоцна на планетава жителите на западниот брег на САД и Алјаска.