Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“ во кој на 26 февруари 2004 година загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација во близина на Мостар.
Седум грешки една по друга направил екипажот при летањето. Полеталe пред седум часот од Скопје без да ги знаaт временските услови во Мостар, не направиле подготовка за слетување, ги занемариле информациите на контролорот дека облаците се ниски.Омер Кулиќ, претседател на меѓународниот истражен тим за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.
Ова го покажува новиот извештај за авионската несреќа кој денеска го објави претседателот на меѓународниот истражен тим Омер Кулиќ.
„Седум грешки една по друга направил екипажот при летањето. Полеталe пред седум часот од Скопје без да ги знаaт временските услови во Мостар, не направиле подготовка за слетување, ги занемариле информациите на контролорот дека облаците се ниски, при губење на навигацијата не го прекинале приодот туку го продолжиле, исклучувањето на автопилотот, почнале порано да ја намалуваат висината, а пилотот не ја одржувал пропишаната минимална висина бидејќи немал доволно обука за да го прави тоа“, рече Кулиќ.
Македонската страна во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози кои се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето. Сотир Костов, македонски претставник во комисијата, изрази задоволство како е сработен извештајот во воздухопловниот дел, но има дополнителни забелешки кои се однесуваат на процедурата на слетување на мостарскиот аеродром, немањето информации, односно избришаните информации за работењето на системот ВОР токму на 26 февруари 2004 година и немањето информации дали тој исправно работел на тој ден.
Процедурата која е користена не ги исполнува стандардите на ИКАО, туку НАТО стандардите, а контролорите немале дозвола за работа на аеродромот во Мостар. Целиот извештај ќе биде објавен на интернет откако Кулиќ ќе го претстави на прес-конференција и во Босна и Херцеговина.