И покрај тоа што се очекува последните законски измени да се донесат до Нова година, како што стана вообичаени без поширока јавна расправа, ние ќе продолжиме да го браниме својот став дека државниот испит е непотребен, велат од Студентскиот пленум. Владата нека носи закони во собранието, но каков легитимитет ќе имаат тие закони кога народот не ги прифаќа, вели Владимир Делов.
Гласањето на законот го очекувавме од самиот почеток, истиот ќе го добиеме како новогодишен подарок. Гласот на народот треба да биде граница на самоволието.Владимир Делов, Студентски пленум.
„Гласањето на законот го очекувавме од самиот почеток, истиот ќе го добиеме како новогодишен подарок. Гласот на народот треба да биде граница на самоволието, белите знаменца во овој случај нема да се кренат. Ние нема да се повлечеме, односно нема да застанеме овде, ова не го прифаќаме, ниту до сметаме за пораз“, вели Владимир Делов од Студентскиот пленум.
Во изминатиот период јавноста беше сведок на игнорантскиот однос на институциите кон студентите бидејќи имаше неколку организирани затворени дебати на кои студентите не беа присутни, а последниот масовен протест на студентите владата го окарактеризира како политички.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поради сето ова се поставува прашањето дали студентите однапред ја губат битката против владиниот предлог. Меѓутоа и пошироката академска јавност нагласува дека последните измени ќе значат упад во независноста на Универзитетот. Тоа е крупна промена со која се губи идентитетот на Универзитетот и покрај тоа што владата сака измените во законот да ги истурка на мала врата истакнуваат дел од професорите.
Министерот е помалку од професорот, министерот се бира и заминува, министерот врши работа која ќе му ја кажат, всушност секој универзитет е еден вид амбасада на секое општество проектирана во иднината.Ферид Мухиќ, универзитетски професор.
Професор Ферид Мухиќ посочи дека студентите протестираат против екстерното оценување, а не против државен испит како што сака да прикаже владата и дополни дека Универзитетот е коректив на општеството, а не обратно.
„Студентите се борат против две огромни предрасуди, дека се мрзливи и дека се подкупливи, односно дека се глупави, подкупливи и мрзливи, и тоа е нешто што тие не можат никогаш да го загубат, тоа е битка што тие во старт ја добиваат, бидејќи не може никој да докаже дека студентите се подкупливи, мрзливи и глупави, според тоа тие го бараат своето достоинство. Истото мора да го направат и професорите, дали учествуваат многу или не, законот може да се донесе каков сака, но мора да се знае дека тогаш не постои универзитет“, вели професор Мухиќ.
Тој истакнува дека Универзитетот како институција ако се примени овој закон нема основа да се идентификува како универзитет, бидејки ги губи сите атрибити како институција која во општеството има една регулативна, корективна и идеална функција на формулирање на неговите највисоки идеали.
„Министерот е помалку од професорот, министерот се бира и заминува, министерот врши работа која ќе му ја кажат, всушност секој универзитет е еден вид амбасада на секое општество проектирана во иднината.“
Инаку денеска и во Тетово на Државниот Универзитет беше одржана дебата за државниот испит на која присуствува министерот Адеми. На дебатата повеќето од деканите се изјаснија против воведувањето на државен испит.