И работници на протести пред институциите

Новите измени на работничките закони се носат врз грбот на работниците, а тоа може да резултира со нови протести пред институциите.

Насобраното незaдовoлство во редовите нa хoнорарците, но и многу врaботени, од новините во Законот за воведувaње на плаќање на придонеси од задолжителното социјално осигурувaње за хонорари, може да ескалира во нов бран протести пред институциите. Ова го порачуваат дел од Синдикатите кои бараат од Владата да ја одложи примената на законот и да отвори јавна дебата.

Синдикатите на УПОЗ, на македонската дипломатска служба, Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“, посочуваат дека Законот крие многу замки при практичното спроведување и се сомневаат дека главниот мотив за негово носење е бришење на невработените од Агенцијата за вработување. Во Синдикатот на новинари една третина од членовите се хонорарци, вели Тамара Чаусидис, нагласувајќи дека постои длабока загриженост од ефектите што ќе ги предизвика законот.

Бришењето од списокот на невработени, јас мислам дека тоа е најголемиот мотив за овие измени, затоа што ова, според некоја конзервативна проценка, засега 100 до 150 илјади луѓе.
Тамара Чаусидис, ССНМ.

„Бришењето од списокот на невработени, јас мислам дека тоа е најголемиот мотив за овие измени, затоа што ова, според некоја конзервативна проценка, засега 100 до 150 илјади луѓе.“

Според Здравко Савевски од „Солидарност“, законските измени ќе ги поттикнат работодавачите наместо договори за вработување, да склучуваат договори за дело со нововработените со што ќе заштедат на грбот на работниците со неисплата на надоместоци за годишен одмор, боледување и сл.

„Хонорар и плата на ист износ не е исто. Оној кој зема плата и на кого му се плаќаат придонеси, тој знае дека има сигурност, дека во иднина ќе ги зема тие пари. Ова ќе резултира со осиромашување на сите оние луѓе кои работат хонорарно, а тие луѓе во Македонија не се малку“, вели Савески.

Имаше импресивен студентски протест, преку 10 илјади луѓе. Мислам дека можеме, пред да фатат празниците, да договориме еден протест пред Влада кадешто јасно и гласно ќе изразиме незадоволство.
Дејан Лутовски, „Ленка“

Се реагира и што со Законот оние кои имаат повеќе хонорари треба да плаќаат исто толку пати за пензиско и здравствено осигурување што е апсурдно, велат некои од хонорарните работници кои присуствува на состанокот со дел од Синдикатите.

Синдикатите дополнително нагласуваат дека измените нема да имаат последици по џебот само на оние кои вршат работат за хонорар наместо за плата, туку и по оние вработени кои се вработени согласно Законот за работни односи. Синдикатите го изразуваат своето противење на изземањето од плаќање придонеси за хонорарите на избраните и именуваните лица

Дејан Лутовски од „Ленка“ нагласува дека синдикатите кои претставуваат силна движечка сила во општеството не треба да бидат игнорирани од институциите.

„Имаше импресивен студентски протест, преку 10 илјади луѓе. Мислам дека можеме, пред да фатат празниците, да договориме еден протест пред Влада кадешто јасно и гласно ќе изразиме незадоволство, бидејќи тоа е единствен начин да добиеме некоја релевантност во иднина за да можеме да бидеме во позиција на преговарање“, вели Лутовски.

Марјан Ристевски од Конфедерацијата на независни синдикати вели дека треба да се испрати еден официјален допис до министерот за труд и социјална политика во кое ќе нотираат дека има големо незадоволство.

„И дека ние сме сериозни, дека се надеваме оти овојпат во Македонија ќе надвладее разумот и дека може да се случи такво нешто, одлуката што ја донела владата да претрпи измени пред да стапи на сила. “

Инаку, според овие законски измени оние кои земаат хонорар над 9.000 денари или повеќе од минималната плата, а имаат договори на определено време, ќе мораат секој месец сами да уплатуваат придонеси. Сумата ќе зависи од висината на хонорарот и од времетраењето на договорот, а пресметките ќе ги прави Фондот за ПИОМ.

Од оваа обврска се изземени спортистите, за хонорарите од премии и трансфери, функционерите, судиите, пратениците, советниците и други носители на јавни функции.