Бомбата во најава – најкоментирана тема

Архивска фотографија.

Темите поврзани со политичката бомба најавена од СДСМ се најкоментирани на нашата интернет страна.

Можат ли граѓаните да влијаат врз власта? - е прашањето поставено во нашиот Хајд Парк, на кое, изненадувачки, освен мислењата во анкетата, не можеме да прочитаме повеќе ваши мислења.

Кога старите комунистички кадри се претворија во демократи, а децата на Удба станаа големи патриоти и Вмровци, сега сме сведоци дека истите прераснаа во т.н. елити кои својата моќ и пари ги изградија врз осиромашениот народ.
коментар од читател.

Само Љупчо од Кавадарци седнал и го напишал својот став: „Мора да сме свесни дека нашата нација политичарите ја вратија со векови назад. За разлика од поранешниот, сегашниот војсководец се вика Никола кој ја врати историјата во време кое никако не може да се разбере и прифати - антика“, пишува Љупчо, за да додаде дека Македонија се наоѓа на крстопат: еден пат води во очај и крајна безнадежност, а другиот кон потполно исчезнување и само младите можат да го спречат овој понор на државата, повикувајќи ги младите да направат нешто за да се подобрат нештата во државава.

По прегледот на неделниците, кои, главно, се во исчекување на „бомбата“ на Заев, Аце велики од Скопје на нашата веб-страница напишал дека веќе 20 години Македонија се занимава со некакви бомби и „никако да тргнеме напред“. И неговото мислење се сведува на незадоволството од партиските гарнитури и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, па вели дека по независноста, „кога старите комунистички кадри се претворија во демократи, а децата на Удба станаа големи патриоти и Вмровци, сега сме сведоци дека истите прераснаа во т.н. елити кои својата моќ и пари ги изградија врз осиромашениот народ“. Благоја од Битола порачува: „Се ближи денот кога ќе биде: И јас имам да кажам нешто“ ама само да се спасат.

Хајд Парк: Можат ли граѓаните да влијаат врз власта? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк: Можат ли граѓаните да влијаат врз власта?

Нашиот професионален однос спрема работите - да побараме мислење од Владата за руското откажување од Јужниот тек, затоа што токму вицепремиерот Ставрески, во присуство на премиерот во Москва го потпиша договорот со кој и Македонија стана дел од нафтоводот, го инспирирал Оливер да напише дека нашата тенденциозност немала крај. Па додава со иронија дека можеби Владата е виновна за воениот конфликт во Украина и блокадата од ЕУ за Јужниот тек. „Радио Слободна Европа заклучи дека Владата не треба да молчи, односно треба да одлучи и со вистински став да излезе пред Путин и Меркел за конечната одлука дали треба да се гради Јужен тек“, пишува, па прашува дали сме мислеле дека тоа било вистинско новинарство. И Наум со својот коментар е некаде на таа линија: Напишал дека девојката го оставила пред една недела и „барам“, вели, „да се огласи владата и да ми објасни зошто девојката ме остави“.