Младите кои живеат со социјален ризик, односно оние без родители и родителска грижа, минуваат низ потешки услови во стекнување на образование, кое потоа треба да им обезбеди можност да се вработат и да функционираат независно. Младите кои се наоѓаат во ваква состојба велат дека им е потребана поддршка и од државата и од работодавачите. Тие се оптимисти дека во иднина земјава ќе понуди подобри можности за нивно вработување, што би значело чекор кон исполнување на нивниот сон.
Сметам дека доколку има дополнителни можности каде што ние можеме да се вработиме, би било од наша многу голема корист. Со таквото подобрување би се отворил поголем избор за нас и поголема заштита од страна на државата и јавниот сектор.Студентка без родители.
„Сметам дека доколку има дополнителни можности каде што ние можеме да се вработиме, би било од наша многу голема корист. Со таквото подобрување би се отворил поголем избор за нас и поголема заштита од страна на државата и јавниот сектор“, вели студентка која живее без родители и како дете била згрижена од СОС Детското село.
Таа е прва година на факултетот за социјална работа и социјална политика и себеси се гледа како добра социјална работничка.
Компаниите не се доволно запознаени со тие можности и затоа сакаме да обезбедиме пристап до тие информации и да обезбедиме можност да се постават повеќе прашања, за компаниите да знаат што сè се дава како поддршка од страна на владата и да можат поактивно да се вклучат во таа поддршка.Јулијана Гапо, СОС Детско село.
СОС Детското село и австриската амбасада во Скопје денес одржаа конференција насловена „Еднакви можности за децата со социјален ризик“, каде беше посочена потребата од подигнување на свеста кај бизнис заедницата за овие млади луѓе полесно да се вработат.
Јулијана Гапо од Детското село, вели дека во моментов бројката на млади што живеат со социјален ризик и чекаат вработување не е голема, но смета дека во следниот период таа драстично ќе се зголеми.
„Постојат мерки од страна на владата, постојат бенефиции за компаниите коишто ги поттикнуваат овие вработувања, меѓутоа ние проценивме дека компаниите не се доволно запознаени со тие можности и затоа сакаме да обезбедиме пристап до тие информации и да обезбедиме можност да се постават повеќе прашања, за компаниите да знаат што сè се дава како поддршка од страна на владата и да можат поактивно да се вклучат во таа поддршка“, вели таа.
Државата во моментов спроведува програми преку кои компаниите кои ќе вработат млади со социјален ризик ќе добијат субвенции, вели заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими. Тој истакна дека во изминатиот период вработени се млади со социјален ризик, иако во моментов не ја знаат нивата точна бројка.
„Ние имаме форуми со работодавачи на коишто ги презентираме овие активни мерки за вработување, со цел што повеќе компании да аплицираат на конкурсите коишто се отвораат од страна на Агенцијата за вработување. Верувајте дека интересот е голем“, вели тој.
Колкава е бројката на млади со социјален ризик кои бараат вработување?
„Точната бројка не би можам да ја кажам, бидејќи дел од нив се пријавуваат, а дел не се пријавуваат. Но, со најновата регистрација каде што е задолжително носителите на социјална парична помош да се да се пријавуваат како активни баратели на работа, така што таа бројка во наредниот период ќе ја имаме во целост“, вели Ибрахими.