Марината закана за Охридско Езеро

Каналот Студенчишта во Охрид.

Охрид ќе добие градска марина, но екологисти и експерти се спротиставуваат таа да се гради во Студенчишкото Блато, оти, како што велат, блатото од филтер ќе стане најголем загадувач на Охридското Езеро.

Две компании од Хрватска сакаат да ја градат градската марина во Охрид. Нивни претставници пред неколку дена ги разгледуваа потенцијалните локации и направија обиколка на Охридското крајбрежје. Најчесто споменувата локација за нејзина иградба е потегот од Каналот Студенчишта до Хотелот Парк и таа ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески рече дека со изградбата на марина ќе се збогати туристичката понуда на Охрид.

Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти во делот од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето. Гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат тлото на езерото и да се запознаат со можностите.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Ги разгледувавме тие локации заедно со експерти во делот од оваа област. Имавме можност да прошетаме и со брод во близина на крајбрежјето. Гостите од Хрватска сакаа да го разгледаат тлото на езерото и да се запознаат со можностите. Се информираа за брзината на ветровите, за начините и можностите за финансирање на оваа марина“, рече Бакрачески.

Бакрачески рече дека во наредниот период општината ќе отпочне со подготовка за изработка на идејни решенија по што ќе се пристапи кон процесот на реализација на овој ветен проект.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Екологисти и експерти се спротиставуваат на таквата одлука бидејќи сметаат дека со тоа ќе се наруши природниот еко систем на Студенчишкото Блато кој се наоѓал на тој простор, а кој во голем дел е уништен. Трајче Талески, раководител на одделението за ципринидна фауна во Хидробиолошкиот завод во Охрид, вели дека идејата за изградба на марина на тој потег е сосема погрешна. Со изградба на марина блатото од филтер ќе стане најголем загадувач на Охридското Езеро, вели тој.

Во овој регион се наоѓа последниот остаток од блатни еко системи во сливот на Охридското Езеро. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека Студенчишкото блато е исчезнато, науката покажува дека се уште е добар еко систем.
Трајче Талески, Хидробиолошки завод во Охрид.

„Во овој регион се наоѓа последниот остаток од блатни еко системи во сливот на Охридското Езеро. И покрај тоа што голем број луѓе сметаат дека Студенчишкото блато е исчезнато, науката покажува дека се уште е добар еко систем во кој живеат поголем број видови риби и други видови растителни и животински видови. Тој е и мрестилиште за голем број краповидни видови риби кои се загрозени“, вели Талески.

Тој додава дека марина треба да се гради на некоја друга локација, но и тој објект да не биде мегаломански.

„Во овој момент капацитетот на Охрид за некакви големи бродови или луксузни јахти е многу мал. Можеби пред хотелот Палас, кај Грашница, пред вливот на реката Грашница или во Радожда во струшкиот регион е многу пооправдан потег отколку марина да се гради во блатото Студенчишта“, рече Талески.

Бакрачески неодамна рече дека оставиле и најмала можност, доколку има можност и има финансиски средства за ревитализација на дел од тоа Студенчишко блато да се одреди локација која би била заштитена зона.