Македонија прва во регионот воведе програма Кембриџ во образовниот систем, а е една од ретките со проект комјутер за секое дете, кој од идната година е најавено и дека е можно да прерасне и во проект таблет за секое дете. Истовремено, додека се спроведуваат овие работи во образовниот систем дел училишта во Струга, Кичево и Охрид останаа без струја или без греење.
Наместо да се наменуваат за неопходните потреби, голем дел од средствата да се инвестираат во непродуктниви проекти и со тоа да се загрозува оваа основно функционирање што никако не смее да се допушти.Ненад Новковски, универзитетски професор и поранешен министер за образование.
Според поранешниот министер за образование Ненад Новковски ова што се случува е сосема спротивно од стратегијата за развојот на образованието во земјава во која основните цели биле да се обнови инфраструктурата и да се востостават технички и хигиенски стандарди.
„Има некои основни неразбирања и непочитувања на врвните приоритети, она што е почитување на основните стандарди и обидувањето да се добијат поени со некакви проекти кои не се осмислени. Не се работи за некоја држава којашто е многу богата, па може да прави екстра проекти, туку се работи за загрозување на основното функционирање за сметка на некои проекти од кои што се обидуваат да се добијат пропагандни поени“, вели Новковски и тврди дека не било точно дека се зголемени издвојувањата за образванието.
Не е примарно како учат децата, со кои книги учат, каква е содржината на тие книги, дека имаат доста грешки, доста невистинити работи, но никој со тоа не се бави.Љатив Исмаили, професор во средно училиште.
„Апсолутно не се зголемени, освен што имаше исклучок една година, се во истиот износ во делот од БДП, како што биле во тек на подолга низа на години, од тука практично се случува наместо да се наменуваат за неопходните потреби, голем дел од средствата да се инвестираат во непродуктниви проекти и со тоа да се загрозува оваа основно функционирање што никако не смее да се допушти, училиштата мора да бидат пример за зачувување на техничките и хигиенските норми, а не да бидат најслабиот дел од општествениот систем“, вели Новковски.
Немањето струја и немањето греење се само дел од проблемите со кои се соочуваме во секојдневната работа, смета професорот во средно училиште Љатив Исмаили кој вели и дека може да се очекуваат и потешки проблеми.
„Тоа не е во интерес на ова Министерство, на ова Влада, во нивен интерес сега се само казните, да одредиме закони и прописи како да се казнуваат граѓаните, тоа е примарно, а не е примарно како учат децата, со кои книги учат, каква е содржината на тие книги, дека имаат доста грешки, доста невистинити работи, но никој со тоа не се бави“, вели Исмаили.
Околу 1.200 ученици во основните училишта во Кичево со недели немаа настава затоа што во училиштата нема греење. Од минатата недела следењето на часовите стана потешко и за речиси 5.000 ученици од сите основни училишта во Струга и струшко бидејќи ЕВН реши да им ја исклучи струјата поради неплатени сметки. Министерството за образование пак најави дека ќе формира комисија за да се утврди како се трошени парите од блок дотациите во овие две општини оти, како што рече заменик-министерот Спиро Ристовски, состојбата очигледно се продуцирала од погрешно или неправилно менаџирање на дел од состојбите на тие два града.