Бременоста не може да се води преку фејсбук

„Здрава бременост“, проект на Министерството за здравство.

Фејсбук страната „Здрава бременост“,е најновиот проект на Министерството за здравство на која гинеколозите ќе даваат медицински консултации и совети за бременоста. Дел од лекарите не ја гледаат логиката за потребата од такво нешто. Тие порачуваат дека бременоста не може да се води преку фејсбук, туку бара редовни прегледи.

Бремените жени задолжително да ја носат мајчина книшка секогаш со нив. Секоја жена во репродуктивен период да направи избор на матичен гинеколог. Колку прегледи треба да се направат во текот на бременоста. Препораки за прикладно зголемување на тежината во бременоста. Ова се препораките на фејсбук страната „Здрава бременост“, која е најновиот проект на Министерството за здравство на која гинеколозите ќе даваат медицински консултации и совети за бременоста.

За сè друго што е, се упатува на доктор, бидејќи не постои ниту една медицина и покрај интернетот, не постои замена за меѓучовечкиот контакт и меѓучовечките односи на пациентот со докторот кои во крајна линија се свети уште од библиско време.
Доктор Владимир Борозанов, поранешен претседател на лекарската комора.

Некои од гинекологите кои ги консултиравме не сакаа веднаш да дадат оценка за новиот проект се додека не видат како ќе функционира. Но велат дека не ја гледаат логиката за потребата од такво нешто. Тие порачуваат дека бременоста не може да се води преку фејсбук, туку бара редовни прегледи.

Поранешниот претседател на лекарската комора, доктор Владимир Борозанов вели дека таквите сајтови за препораки не се новина. Меѓутоа, според него, обично на нив докторите на сопствените пациенти им даваат препораки, кои се од општ карактер.

Меѓутоа не можете во целост да ја носите бременста или ризиците и сè она што со себе носи самата бремност, потребно е нормално континуирана комуникација и контрола од страна на лекар.
Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.

„За сè друго што е, се упатува на доктор, бидејќи не постои ниту една медицина и покрај интернетот, не постои замена за меѓучовечкиот контакт и меѓучовечките односи на пациентот со докторот кои во крајна линија се свети уште од библиско време“, вели Борозанов.

Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец, вели дека за одредени прашање е во ред да се добиваат одговори и на фејсбук, односно комикацијата со гинеколозите така да функционира.

„Меѓутоа не можете во целост да ја носите бременста или ризиците и сè она што со себе носи самата бремност, потребно е нормално континуирана комуникација и контрола од страна на лекар. Понекогаш кога не ви е јасно има работи кои можете да гу прочитате и да ги практицирате едноставно затоа што сте ги прочитале и не ви треба додатна друга информација, убедување или објаснување од страна на стручно лице“, вели Оровчанец.

Борозанов смета дека Министерството за здравство треба многу повеќе да се фокусира на водењето на здравствената политика и стандардот на здравствените служби.

„Делот којшто се однесува на медицинските проблематики од било кој аспект се однесува на струката и на стручните здруженија или да се натера целото раководство на Министерството за здравство по краток курс да завршат медицински науки и да станат доктори“, вели Борозанов.

Според Оровчаенц, проблемот во земјата кога станува збор за реформите во здравството е кога тие применуваат во излузија и со тоа се прават многу грешки. Како пример, тој го посочува „Мој термин“, кој не бил лоша идеја, но начинот на кој што се спроведува направил конфузија и кај докторите и кај пациентите.

„Самата начелна идеја е благородна, во ред е, меѓутоа нејзината реализација, внесување во системот, начинот на кој се практикува, пропратните мерки како казни, сето тоа преминува во еден кошмар и за пациентите и за докторите и на крај имате негативен ефект од една реформа која сте ја иницирале да биде позитивна“, вели Оровчанец.

Фејсбук страната „Здрава бременост“ веќе има над 5.000 лајкови, а на неа секојдневно ќе биде достапен по еден гинеколог кој ќе одговара на прашањата на идните родители.