Какви генерации се воспитуваат, каква ќе биде државава кога тие ќе дојдат на возраст да ја водат и одлучуваат за неа, се дел од прашањата што се поставуваат откако во јавноста се открија некои спорни содржини од учебникот за осмо одделение по граѓанско образование.
Владата можеби сака да направи проба како тоа ќе се реализира, но младиот свет нема тоа да го прифати зашто се коси со демократските вредности.Љатиф Исмаили, професор во средно училиште.
Во него, меѓу другото се наведува дека бакнување рака на повозрасните е изразување на почит кон авторитет, а исто спорно објаснување има и за лојалните граѓани. Имено, младите учат дека таквите граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи.
Несомнено власта преку Министерството за образование, кое е најодговорно, се обидува од младите да направи поданички ориентирани граѓани, вели професорот од средното економско училиште во Тетово, Љатиф Исмаили. Сепак, тој е убеден дека тоа нема да има сериозно влијание врз младите.
Ова е очигледно спротивно на концептот на граѓанското образование којшто беше воведен. Не е јасно зошто некој би се занимавал со такви работи, со такво формулирање на овие основни принципи на граѓанското општество.Ненад Новковски, поранешен министер за образование.
„Јас не верувам дека младите генерации ќе го прифатат тоа. Ние и ден денеска се соочуваме со такви проблеми, децата и младите, средношколците на пример, се подготвени да реагираат на одредени невистини. Владата можеби сака да направи проба како тоа ќе се реализира, но младиот свет нема тоа да го прифати зашто се коси со демократските вредности“, вели Исмаили.
Поранешниот министер за образование Ненад Новковски, пак, вели дека токму во тој период младите се формираат како личности.
„Сигурно дека ќе влијае во таква насока, посебно како што гледаме и во современите услови со намалувањето на просторот за јавна расправа којшто практично исчезна, падот на слободата на медиумите во драстична мерка итн., сигурно дека тоа ќе биде негативно во истата таа насока“, вели Новковски и нагласува и дека кога се воведувало граѓанското образование како предмет, целта била сосема спротивна од она што денес го пишува во учебниците.
„Ова е очигледно спротивно на концептот на граѓанското образование којшто беше воведен. Не е јасно зошто некој би се занимавал со такви работи, со такво формулирање на овие основни принципи на граѓанското општество“, вели Новковски.
Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов од каде што побараме мислење со оглед на тоа дека тој во својата професорска кариера има дела поврзани со граѓанското општество, демократија и политичките теории, ни соопштија дека немаат реакција.