Ранливите категории граѓани го користат последниот ден за државата да им ги отпише заостанатите долгови. Пред центарот за социјална заштита кај Тутунскиот комбинат во Скопје, пензионери, стечајни работници и невработени млади брзаат да ги комплетираат документите за да им бидат покриени долговите за струја, топлинска енергија, телевизија. Сите очекуваат барањата да им бидат прифатени, но се загрижени како со ниските примања во иднина ќе ги плаќаат сметките.
Треба да одберам, или да плаќам сметки, или позади зграда имаме тревник и да пасам трева. Е па, сега, бидејќи јас не сум животно и не пасам трева, јадам, а сметки не плаќам и не знам како ќе се живее. Како пензионер е тешко!Анкетиран граѓанин.
„Јас го примам минимумот од седум илјади денари пензија, а толку ми се сите сметки кои треба редовно да ги плаќам. Е па, сега треба да одберам, или да плаќам сметки, или позади зграда имаме тревник и да пасам трева. Е па, сега, бидејќи јас не сум животно и не пасам трева, јадам, а сметки не плаќам и не знам како ќе се живее. Како пензионер е тешко!“
„Имам заостанат долг за камата која не сум ја платил од 2006 година. Каматата ми расте, а не сум вработен, бидејќи сум стечаен работник. Не знам дали ќе ми го прифатат барањето, денес е последен ден, а треба да бркам уште документи.“
Тоа говори дека една значајна популација во Македонија се соочува со елементарните претпоставки на животот. Тие не можат да платат струја, вода, комуналии. Тоа е таа мачна слика за едно општество.Илија Ацески, социолог.
„Јас се надевам дека ќе ми бидат отпишани долговите! Владата реши да ни се отпишат долговиве“, велат дел од граѓаните што ги затекнавме.
Досега во социјалните центри над 36 илјади лица поднеле барања за отпис на долговите. Мерката се однесува на граѓани кои се невработени, приматели на социјална помош, лица што имале смртен случај или инвалидитет во семејството.
Според социологот Илија Ацески, овој податок ја покажува „мачната слика на македонското општество“, бидејќи според него голем дел од популацијата се наоѓа под прагот на сиромаштијата.
„Тоа говори дека една значајна популација во Македонија се соочува со елементарните претпоставки на животот. Тие не можат да платат струја, вода, комуналии. Тоа е таа мачна слика за едно општество“, вели тој.
Ацевски додава дека мерката суштински не ги решава основните фундаментални прашања, како проблемот со сиромаштијата, туку владејачките партии ја употребуваат во популистичка смисла.
„Она што сакам да го потенцирам е дека кога оваа мерка ќе биде употребена во една популистичка смисла за владејачките партии, во овој случај на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, тоа може да добие една негативна конотација, дека сега не државата, туку партијата е таа која ги решава социјалните проблеми на граѓаните“, вели Ацески.