Заедничка настава за помалку тепачки

Илустрација.

Држава се справува со етничките тапачи во училиштата со полициски мерки или физичко разграничување на учениците, но нема мерки со долгорочен ефект, вели аналитичарот Ибрахим Мехмети.

Празни училишни клупи како протест поради лошите услови за настава, но и поради етничките тензии, кои често доведуваат и до тепачки. Ова е актуелната слика деновиве во скопското хемиско училиште. Но не само сега, туку со години, се случуваат тепачки во училиштата или во нивна близина пред се поттикнати од тоа што некој е од различна националност.

Тоа е поврзано со полициски мерки или мерки од типот на физичко разграничување на учениците во училиштата, но не гледаме мерки кои би имале долгорочен ефект и кои би имале едукативен карактер.
Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.

Познавачите на проблемот велат дека постои цела редица причини за овие случувања. Младите во училиштата доаѓаат со претходно изградени стереотипи, а во образованиот систем подоцна тие не се спречуваат туку на некој начин и се поддржуваат, вели аналитичарот Ибрахим Мехмети.

„Ако вие гледате на кој начин нашата држава се справува со овие изливи на меѓуетнички конфликти или нетрпеливост ќе видите дека тоа е поврзано со полициски мерки или мерки од типот на физичко разграничување на учениците во училиштата, но не гледаме мерки кои би имале долгорочен ефект и кои би имале едукативен карактер“, вели Мехмети.

Тоа се проекти на меѓународните организации. Министерството за образование не направило ниту еден мал чекор напред да обезбеди програми за интегрирано образование.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција.

Според Владо Димовски од невладината организација Центар за меѓуетничка толеранција многу малку се работи на зближување на учениците од различна етничка припадност.

„Односите во училиштата не се средени со наставен кадар, не се средени со одредени програми за кои имаме неподготвени ученици, неподготвен просветен кадар и сето тоа доведува до една општа состојба која на крајот нема каде и ќе го изнесе на виделина она што тлее постојано во мешаноетничките училишта“, вели Димовски.

Инаку и министерството за образование во 2012 година донесе тригодишна стратегија за намалување на насилставта во училиштата и во неа ја препозна и меѓуетничката нетрпеливост како причина.Во стратегијата меѓудругото како лек за насилствата се споменува спроведувањето на интегрираното образование. Но Димовски вели дека по изјавата на поранешниот министер за образование Никола Тодоров кој во 2010 година рече дека македонски јазик ќе мора да се учи од прво одделение што предизвика сериозни несогласувања, преоктот практично се реализира со забавено темпо.

„Тоа се проекти на меѓународните организации. Министерството за образование не направило ниту еден мал чекор напред да обезбеди програми за интегрирано образование“, вели Димовски.

Според податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права презентирани летоска за една година во Македонија се сторени вкупно 175 злосторства од омраза, од кои најголемиот дел 128 се на етничка основа а учесниците во нив најчесто се малолетници.