Изготвување на регистер на функционери е една од осумте компоненти и носечка активност на проектот за поддршка за ефикасна превенција и борба против корупција. Проектот е на Антикорупциска во соработка со Сојузната служба за администрација на Германија и експерти од Полска. Претседателот на антикорупциска Ѓорѓи Сламков вели дека не можат ефикасно да ја следат имотната состојба на функционерите се додека тоа не биде воспоставено. Според него, тоа подразбира создавање на софтверско решение кое ќе има база на податоци со релевантни институции преку кои ќе се следи имотната состојба.
Генералната цел на овој проект е подигнување за неколку степени на антикорупциската политика во Република Македонија, т.е. преку јакнење на нормативната рамка, но и зголемување на ефикасноста на институциите за спречување на корупцијата.Ѓорѓи Сламков, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.
„Генералната цел на овој проект е подигнување за неколку степени на антикорупциската политика во Република Македонија, т.е. преку јакнење на нормативната рамка, но и зголемување на ефикасноста на институциите за спречување на корупцијата, пред сè мислиме на Државната комисија за спречување на корупцијата, но и на другите институции кои се вклучени во системот на казнена правда, а коишто имаат допирни точки со антикорупциската проблематика“, вели Сламков.
Еден од членовите на Антикорупциска, Мирјана Димовска, вели дека меѓудругото проектот ќе ја зголеми транспарентноста на институцијата.
Проектот има голема низа на активности кои треба да се спроведат, меѓутоа има и многу сензибилни области во темата корупција, како на пример финансирањето на изборните кампањи на партиите.Волф Швеатфигер, заменик претседател на Сојузната служба за администрација во Германија.
„Во компонентата подигнување на јавната свест се содржи и градењето на стратегии и соодветни алатки за подигнување на степенот на транспарентност, што значи одговорот е да“, вели Димовска.
Проектот ќе трае две години и чини 1,4 милиони евра кои се обезбедени од ИПА програмата на ЕУ.
„Проектот има голема низа на активности кои треба да се спроведат, меѓутоа има и многу сензибилни области во темата корупција, како на пример финансирањето на изборните кампањи на партиите и исто така и корупцијата постои во сите сфери и секаде е многу сензибилна тема и Сојузната служба за администрација ќе се обиде да помогне да се подобри ситуацијата во тие области“, изјави Волф Швеатфигер, кој е заменик претседател на Сојузната служба за администрација во Германија.
Сламков посочи дека до август во оваа година имаат поднесено 50 барања за испитување на имотна состојба до УЈП. Според него, одделението за следење на имотната состојба поднело 44 барања за поведување прекршочна постапка. Антикорупциска досега поднела четири иницијативи за кривично гонење до обвинителството, односно против поранешен градоначалник на Арачиново, вработени во Совет за радиодифузија, директор на средно училиште во Скопје и на одговорни лица во Македонски железници транспорт.