Судство, медиуми, политички дијалог - забелешки од ЕУ

На средбата меѓу вицепремиерот Фатмир Бесими и делегацијата на Европската комисија посебен осврт бил даден за последните постигнувања во областите на политичкиот дијалог, добрососедските односи, слободата на изразување во медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформата на јавната администрација, билатерални односи и регионална соработка, изборната реформа, и активностите во однос на економските критериуми.

Постигнувањата во слободата на изразување во медиумите, судството, спречувањето на корупцијата, меѓуетничките односи, политичкиот дијалог, добрососедските односи и реформата на јавната администрација остануваат во фокусот на интересот на меѓународните претставници кои доаѓаат во Македонија. Таков е и случајот со делегацијата од Генералниот директорат за проширување на ЕК предводена од Дејвид Кулен која престојува во земјава.

Извештајот секако ќе биде критичен со самиот факт што немаме опозиција во Собранието. Тоа значи дека сега само е прашање на опстанок на препораката, којашто поради околностите, поради заминувањето на старата и почетокот на новата комисија веројатно ќе опстои, но сепак Македонија оди назад.
Малинка Ристовска Јорданова, Институт за европска поитика.

Како што соопшти денеска СЕП, за време на средбата се дискутирало за клучните приоритети на Македонија во процесот на европска интеграција, при што посебен осврт бил даден за последните постигнувања во областите на политичкиот дијалог, добрососедските односи, слободата на изразување во медиумите, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, меѓуетничките односи, реформата на јавната администрација, билатерални односи и регионална соработка, изборната реформа, и активностите во однос на економските критериуми.

Ќе биде позитивен со тие реченици да им се дава надеж на граѓаните. Не очекувам да се случи ништо ново додека не се решат проблемите. Немаме дијалог меѓу власта и опозицијата. Менталитетот на овие политичари е менталитет кој нема да допринесе до перспективи.
Арсим Синани, универзитетски професор.

До посетата на делегацијата на ЕК на Скопје доаѓа неполн месец пред објавувањето на новиот извештај за напредокот на Македонија најавен за 8 октомври во Брисел. До денот на објавувањето на извештајот останува отворено прашањето дали ќе ја содржи шестата позитивна препорака за почеток на преговорите.

Според експертите, извесно е дека извештајот ќе содржи голем број негативни оценки. Главниот проблем сега претставува отсуството на политичкиот дијалог, вели Малинка Ристовска Јорданова од Институтот за европска поитика. Напредок во никој случај не може да очекуваме. Тоа значи дека прашањето е дали ќе се задржи препораката, вели таа.

„Извештајот секако ќе биде критичен со самиот факт што немаме опозиција во Собранието. Тоа значи дека сега само е прашање на опстанок на препораката, којашто поради околностите, поради заминувањето на старата и почетокот на новата комисија веројатно ќе опстои, но сепак Македонија оди назад, никако не оди напред“, вели таа.

Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите ќе содржи негативни оценки поради дијалогот и нефункционирањето на Собранието според стандардите на парламентарната демократија, но и поради слободата на медиумите и независноста на судството и политизираноста на администрацијата, смета професор Арсим Синани. Тој дополнува дека сепак, поради одредени реформи во државата во однос на приближувањето на македонското кон европското законодавство, препораката треба да биде позитивна.

„Ќе биде позитивен со тие реченици да им се дава надеж на граѓаните. Не очекувам да се случи ништо ново додека не се решат проблемите. Немаме дијалог меѓу власта и опозицијата. Менталитетот на овие политичари е менталитет кој нема да допринесе до перспективи“, вели Синани.

Првиот човек во Директоратот за проширување на Европската комисија задолжен за Македонија, Дејвид Кулен, престојува во Скопје со цел да ја финализира рамката од извештајот. Досега од 2009 година, по петти пат ЕК даваше позитивни препораки во извештаите за Македонија да почне да преговара за членство со Европската унија, а најголемиот проблем беше ветото на Грција и условот прво земјата да го реши спорот за името.