На почетокот на летово, оваа мисија беше одобрена од претседателот Барак Обама, се наведува во соопштението на неговиот главен помошник за контратероризам Лиза Монако.
Исламската држава не зборува во име на религијата. Нејзините жртви се главно муслимани и ниту една вера не ги учи луѓето да масакрираат невини. Исламската држава нема идеологија на човечка вредност. Нивната идеологија е безвредна.Барак Обама, претседател на САД.
Ова е за прв пат Вашингтон да објави дека има свои војници во Сирија.
Притоа не се наведува кои заложници Пентагон се обидувал да ги ослободи во операцијата која, според соопштението, се одвивала на копно и во воздух.
Во врска со снимката со обезглавувањето на Џејмс Фоли, претседателот Обама вети продолжување на нападите врз Исламската држава и покрај заканите дека џихадистите во таков случај ќе убијат уште едн американски заложник.
Обама оцени дека Исламската држава е рак која претставува закана за целиот регион.
Имаме разузнавачки, дипломатски и воени ресурси и нема да штедиме напори лицата кои го извршиле неговото убиство да одговараат.Мери Харф, портпаролка на Стејт департментот.
„Исламската држава не зборува во име на религијата. Нејзините жртви се главно муслимани и ниту една вера не ги учи луѓето да масакрираат невини. Исламската држава нема идеологија на човечка вредност. Нивната идеологија е безвредна“, изјави претседателот Обама, наведувајќи дека за групите како Исламската држава нема место во 21 век.
„Опустошуваат градови и села и убиваат невооружени цивили што е голем кукавичлук“, рече Обама во говорот одржан во Масачусец каде што е на одмор.
„Соединетите Држави ќе продолжат да го прават она што мора за да ги заштитат своите луѓе. Ќе бидеме претпазливи и немилосрдни“, рече тој.
Портпаролката на Стејт департментот Мери Харф не исклучи натамошна воена операција во Сирија, додавајќи дека Соединетите Држави го задржуваат правото да приведуваат луѓе одговорни за убивање или злоставување американци.
„Имаме разузнавачки, дипломатски и воени ресурси и нема да штедиме напори лицата кои го извршиле неговото убиство да одговараат“, рече Харф.
Американски официјални претставници соопштија дека, покрај интензивираните воздушни напади врз позиции на Исламската држава, се разгледувала и можноста за испраќање помал број дополнителни војници во Ирак, главно да ја зацврстат безбедноста околу Багдад.
Станува збор за околу 300 војници. Американските воени авиони и беспилотни летала изведоа десетина напади во Ирак по објавувањето на снимката со убиството на Фоли.
На таа снимка џихадистите соопштија дека Фоли бил ликвидиран во знак на одмазда поради американските воздушни напади.
Исламската држава која окупира делови на Сирија и на Ирак, прогласувајќи ги за калифат, се закани дека ќе убие уште еден заложник за кој тврди дека бил американскиот новинар Стивен Сотлоф.
Џејмс Фоли исчезна во Сирија во 2012 година. Работел за агенцијата Франс прес и за американскиот Глобал пост.
Неговото убиство беше осудено од меѓународната заедница со заложби за поитно справување со милитантите на Исламската држава.
Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк соопшти дека во Сирија биле киднапирани над 80 новинари, додека околу 20 се воделе како исчезнати. Во соопштението не се наведува нивната националност.