Каде можат да се видат показателите за позитивни економски трендови за кои зборува НБРМ и можност за остварување солидна стапка на економски раст, како и сите оптимистички прогнози и очекувања кај претставниците на власта ако невработеноста не се намалува, а трендот на иселување од државата не запира, и џебовите се сè потенки, а цените сè повисоки, се прашуваат дел од економистите, но и граѓаните. Се живее сè потешко, велат дел од нив, некои, пак, очекуваат бранот на подобрувања еден ден да стаса и до нив.
Моето семејство тоа подобрување досега не го чувствува, напротив, расходите растат побрзо од приходите и доста потешко се живее од порано.Анкетиран граѓанин.
„Моето семејство тоа подобрување досега не го чувствува, напротив, расходите растат побрзо од приходите и доста потешко се живее од порано.“
„Добро, како граѓанин не чувствувам, меѓутоа сигурно од основата почнува па натака ќе се проширува кон поединецот, така што има надеж.“
„Сега, малку бавно оди, но верувам дека она што е зацртано ќе се исполни.“
Нека кажат каков раст имаме откако се дојдени, еве веќе ќе почне девета година, колку се пораснати платите, колку е растот на БДП-то, колку инвестиции влегле, ова се параметри кои зборуваат за евентуално задоволство.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
„Тие податоци може важат за некоја категорија луѓе, ама кога ќе земете за средниот слој, тој оди кон сиромаштија и сè потешко живее“, велат анкетираните граѓани.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини упатува на тоа дека растот на економијата се мери според други показатели кои и не можат да се пресметаат, но и остануваат долго време недостапни за јавноста.
„Нека кажат каков раст имаме откако се дојдени, еве веќе ќе почне девета година, колку се пораснати платите, колку е растот на БДП-то, колку инвестиции влегле, ова се параметри кои зборуваат за евентуално задоволство“, посочува Хајредини.
Вакви податоци воопшто и не може да има оваа држава затоа што и не се знае точната бројка на жители, укажува Хајредини и потсетува на неодамнешните предупредувања од страна на ММФ кои се однесуваат и на дефицитот и на инвестициите. Тој е на мислење и дека јавноста не е запознаена со точните информации за движењата во стопанството. Ако се читаат внимателно извештаите на ЕК за напредокот ќе се видат постојано истите сериозни забелешки, додава Хајредини.
„Оценката за менаџирање и управување со јавните финансии е катастрофална и состојбата се влошува од година в година, пишува изрично во извештајот“, вели Хајредини и заклучува дека ако нема раст на животниот стандард и запирање на одливот на работната сила, која е тогаш целта на економскиот раст.
Во вториот квартал од годинава, според Народната банка на Република Македонија, продолжиле поволните трендови во економијата. Кредитите бележат раст, особено на приватниот сектор, а ликвидноста на банките во јули е зголемена. Според НБРМ, поволни поместувања се забележуваат кај повеќето клучни сектори.