Мој термин ги брка пациентите во приватното здравство

Илустрација.

Луѓето не можат да чекаат со месеци за преглед. Со „Мој термин“, министерот не фрли во прегратките на приватните болници за одиме и да се лекуваме таму, ако имаме пари, се жалат граѓаните.

Граѓаните имаат различни искуства од проектот Мој термин. Едни повеќе месеци не можат да дојдат на ред за преглед или за снимање, други не го почитуваат закажаниот термин, а некои се изјаснуваат дека прегледот бил реализиран со чекање.

Со „Мој термин“, министерот не фрли во прегратките на приватните болници за одиме и да се лекуваме таму, ако имаме пари.
Анкетиран граѓанин.

„Имам лошо искуство со „Мој термин“, чекав час и половина. Имав закажано во осум ипол, а јас влегов во 10. Тоа воопшто не функционира. Пред мене имаше редица луѓе кои влегоа со „врски“, кои си влегуваа до доктор, со сестра.“

Илустрација.

„Си закажав, ама заборавив со обврските“, велат анкетирани граѓани.

За да се намали притисокот за закажување на прегледи „Мој термин“, Министерството за здравство пред извесно време предвиде измени со кои во иднина матичните лекари за хроничните пациенти ќе издаваат упат еднаш годишно и со тој ќе можат да ги реализираат сите неопходни прегледи но искуствата на пациентите во пракса се поинакви.

Со „Мој термин“, министерот не фрли во прегратките на приватните болници за одиме и да се лекуваме таму, ако имаме пари.
Анкетирана граѓанка.

„Сега се враќам од кај мојата матична лекарка, а таа е на одмор, сега треба да одам кај нејзината замена во Аеродром, а немам време зошто дома имам болен, не можам да го оставам. Со „Мој термин“, министерот не фрли во прегратките на приватните болници за одиме и да се лекуваме таму, ако имаме пари“, вели анкетирана граѓанка.

Во меѓувреме и дел од лекарите бараа корекција на мој термин во повеќе наврати. Последната реакција се однесува по веста дека дури 29 илјади пациенти во јули не го искористиле закажаниот термин во јавното здравство. Лекарите-специјалисти бараат пациентите да почнат да го почитуваат времето за преглед, а некои бараат и казни за непојавување на мој термин.

Министерството за здравство е задоволно како функционира мој термин. Меѓутоа дел од експертите коментираат дека се работи за козметички корекции во здравството кои се последица на технолошкиот развој, а не за суштински. Со сличен став се и некои пациенти.

„Нема слободен термин кога на болниот му е потребно. Еве на мој близок кој е болен сега му е потребен преглед, а не со месеци, ние чекаме со месеци, па тоа не е лекување“, велат анкетираните.

Имаше критики и од опозициските политички партии дека проектот „Мој термин“ покажа дека е необмислен и дека нема потреба од него. Дел од нивните забелешки се однесуваа и за скапите реклами за негово промовирање. Од Министерството пак потенцираа дека „Мој термин“ е проект кој не само што нема да се укине, туку и ќе продолжи да се усовршува, со цел да се поедностави процесот од прием во амбуланта, па до самиот момент на пружање на здравствената услуга.