Македонците кои живеат во регионот на Стеблево и Лакајца во соседна Албанија од властите во двете држави бараат да го реализираат ветувањето и да го отворат граничниот премин со Македонија. Тие велат дека од соседна Струга ги делат само 20 минути, но наместо тоа сега се принудени да го користат преминот Ќафасан кој е на далеку поголема одалеченост.
Ние многу време ја баравме границата, но има многу години како ништо не се прави. Да беше границата многу поубаво ќе беше. Ние секогаш на пазар одиме во Струга и затоа многу подобро ќе беше да беше границата.Аријан Ќура, Македонец кој живее во Албанија.
Аријан Ќура вели дека за местото каде живее македонско население не се прави ништо и поради тоа голем дел од луѓето се преселиле во поголемите градови.
„Ние многу време ја баравме границата, но има многу години како ништо не се прави. Да беше границата многу поубаво ќе беше. Ние секогаш на пазар одиме во Струга и затоа многу подобро ќе беше да беше границата. Нема никаква инвестиција, патот е многу лош. Одиме преку Ќафасан, но и преку новиот премин Требиште има проблеми бидејки не можеме со автомобил да поминеме“, вели Аријанит Ќура.
Ние порано одевме во Струга и таму пазарувавме. Ние до 1949 година одевме и работевме во Струга и стоката ја носевме таму. После Тито го затвори преминот. Не прават овие нашите ништо, никој не се интересира, никој не ги интересира..Баким Нура, Македонец кој живее во Албанија.
Тој додава дека голем дел од луѓето се преселиле во Тирана и поради тоа сега нивните деца воопшто не го знаат македонскиот јазик. Кажува дека за овој крај каде живее македонско население не се прави ништо како од Македонија така и од Албанија
„Јас имам и македонски пасош но....Но живееме голем дел во Тирана и нашите деца не го знаат македонскиот јазик.“
РСЕ: Дали Македонија како држава има интерес да помогне?
„Има интерес, но не гледаме нешто, на терен не гледаме ништо“, вели Аријан Ќура.
Овие луѓе живеат во услови кои се далеку од цивилизациски. Од првиот град Либразд до нивната општина која е рурална во најголем дел води неасфалтиран пат.
Ситуацијата е особено критична во зимскиот период кога поради снегот тешко се стигнува и до доктор рече шеесет и двегодишниот годишниот Баким Нура.
„Ние порано одевме во Струга и таму пазарувавме. Ние до 1949 година одевме и работевме во Струга и стоката ја носевме таму. После Тито го затвори преминот. Не прават овие нашите ништо, никој не се интересира, никој не ги интересира“, вели Нура.
Во албанскиот дел на Јабланица каде се наоѓа оваа општина, Македонците се сетиле и се обидуваат да развиваат селски туризам. На гостите или случајните минувачи кои ќе поминат одовде им нудат традиционални албански специјалитети, селска идила и соби за престој.
Инаку од Македонското друштво Илинден од Тирана и македонското друштво Илинден од Голо Брдо сметаат дека отварањето на граничниот премин Стеблево - Голо Брдо ќе им помогне на Македонците во Стеблево и Голо Брдо, ќе ја развие областа, но и ќе ги поврзе Македонците од двете страни на границата, рече Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво Илинден од Тирана.