Свадби и оружје - Од играчка, плачка

Пукањето на семејни веселби во Македонија е многу често и го отвора прашањето колку луѓе во земјава имаат оружје.

Во гостиварското село Чегране на свадба гостин пукал со пиштол, а друг присутен поминал со лесни повреди. Во струшкото село Џепин деновиве исто така на свадба гостин испукал повеќе куршуми кои повредија петмина сватови. Во Куманово, пак, од исти причини беа повредени две лица. И во скопска Кисела Вода за време на свадба беа испукани десетина куршуми од гасен пиштол.

За жал овие можности коишто ги понуди МВР не дадоа некој поголем ефект во однос на нелегално поседуваното оружје. Сепак, МВР и натаму останува отворено.
Иво Котевски, портпарол на МВР:

Ова се информации земени од полицискиот билтен за последниов период. Пукањето на семејни веселби во Македонија е многу често и го отвора прашањето колку луѓе во земјава имаат оружје.

Илустрација.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски нагласува дека во ваквите случаи не се работи само за нелегално оружје туку дел од оние кои пукаат тоа го поседуваат легално. Последниот обид, пак, за собирање на нелегално оружје во Македонија беше спроведен пред четири години. Тогаш со законски измени беше овозможено граѓаните во одреден временски рок да може да го предадат оружјето во полициски станици без никакви санкции.

Според наши проценки, кои се разликуваат од проценките на официјалните институции има 110-170 илјади поседувачи на нелегално огнено оружје.
Џабир Дерала, НВО Цивил.

„За жал овие можности коишто ги понуди МВР не дадоа некој поголем ефект во однос на нелегално поседуваното оружје. Сепак, МВР и натаму останува отворено, доколку има какви било сугестии, предлози или, пак, волја за повторно воведување на таква можност во законот да го предложиме истото и на соодветен начин да го реализираме“, вели Котевски.

Според Џабир Дерала од невладината организација Цивил, во земјава постои култ кон оружјето кој во последниве години јакне. Тој смета дека за подобрување на состојбата се потребни неколку акции меѓу кои и собирањето на нелегалното оружје, проблем кој вели дека е занемарен во последно време.

„Според наши проценки, кои се разликуваат од проценките на официјалните институции има 110-170 илјади поседувачи на нелегално огнено оружје. Се разбира има и друг проблем, а тоа е дека и самото легално оружје не е доволно добро регулирано и немаме доволно јавна контрола на тоа што и колку легално се поседува и се употребува во Република Македонија“, вели Дерала.

Професор Стојан Кузев, пак, сугерира дека е неопходно подигнување на безбедносната култура на населението преку постојана кампања, но смета дека може да помогне и нова акција за собирање на нелегалното оружје.

„Ние, како заедница, како држава треба да бидеме свесни дека ваквите акции и нивното спроведување треба да биде целосно и конечно, што значи да се елиминираат можните извори за натамошно располагање со нелегално оружје“, вели Кузев.

Поголема акција, пак, за предавање на нелегалното оружје во Македонија се спроведе во 2003 година и тогаш беа собрани над 7.500 парчиња оружје од различен вид.