Со заоѓањето на сонцето и доаѓањето на ноќта, сè до раните утрински часови, дивите свињи вршат инвазија на насадите со компири во кривопаланечко, раскажуваат оштетените земјоделци. Тие барале помош од ловното друштво, од таму ги упатиле до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде немаат одговор.
Најповеќе го напаѓаат компирот и житните култури, пченицата и овесот. Сè се во групи и кога ќе влезат во помала парцела ништо не останува од неа. Се движат ноќе. Почнуваат на стемнување, сè до разденување.Добри Груевски, земјоделец.
Штетите врз посевите остануваат на товарот на земјоделците, кои самоиницијативно преземаат мерки со ноќни стражи, за да зачуваат барем малку од насадите.
„Има парцели коишто се оштетени сто насто. Другите, нема парцела каде што не се влезени диви свињи. Имаме посадено околу осум хектари, од кои три се целосно уништени, останатото делумно“, вели Добри Груевски и додава дека и претходните години имало вакви случаи, но годинава напливот е во сите околни села.
Кај мене и во Општината сè уште немаме пријавено такво нешто. Не знам од каде ви е оваа информација, но знам дека нашиот крај е богат со дивеч и тоа е во ингеренции на ловното друштво и тие треба да го решат.Арсенчо Алексовски, градоначалник на Крива Паланка.
„Имаше случаи, но не вака. Сега ги има во Мала и Голема Црцорија, Киселица, Трново, Дубровница. Тие што саделе помалку имаат сто насто штети. Идната година тие луѓе нема да садат“, раскажува тој.
РСЕ: Што најповеќе напаѓаат?
„Најповеќе го напаѓаат компирот и житните култури, пченицата и овесот. Сè се во групи и кога ќе влезат во помала парцела ништо не останува од неа. Се движат ноќе. Почнуваат на стемнување, сè до разденување. Организиравме ноќно чување и одиме од парцела до парцела, што ни создава дополнителни трошоци. Од ловното друштво велат дека не се нивни, туку дека доаѓаат од Бугарија. Сами доаѓаат преку граница „без пасош“ и ни прават штети. До градоначалникот не сме се обраќале, но инспекциските служби се запознаени, а и тие нè упатуваат до министерот, па ќе видиме“, вели Груевски.
Градоначалникот Арсенчо Алексовски вели дека тој не бил запознаен со овој проблем на земјоделците од Општина Крива Паланка, а според него надлежноста е на ловното друштво.
„Тие се надлежни за тоа. Не знам како да го решат, но ние како Општина немаме ингеренции“, вели тој.
РСЕ. Имате ли сознанија за направени штети?
„Кај мене и во Општината сè уште немаме пријавено такво нешто. Не знам од каде ви е оваа информација, но знам дека нашиот крај е богат со дивеч и тоа е во ингеренции на ловното друштво и тие треба да го решат“, вели Алексовски.